11:25 - 31 март, 2026

(ФОТО) ПРЖЕН СЛАДОЛЕД КАКО РОДЕНДЕНСКА ТОРТА: Сара Мејс славеше во кинески ресторан со ќерката и сопругот Димитар

Нашата позната пејачка и харфистка Сара Костадиновска или позната како Сара Мејс, на својот инстаграм – профил сподели прекрасни фотографии и кратки видеа по повод својот 31 – ви роденден кој го прослави во кругот на семејството.

Во друштво на нејзиниот сопруг познатиот водител и маркетинг претприемач Димитар Атанасовски и нивната тригодишна ќерка, преслатката Илина уживаа во интимна прослава во еден скопски ресторан.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Sarah Mace (@sarahmace__)


Кинески специјалитети, фотографирање, насмевки како и уникатна роденденска торта (десерт) – пржен сладолед заокружени со милион желби беа доволни за Сара максимално да ужива во својата роденденска прослава.

Мама Сара со помош на Илина ги дувна свеќичките и ја замисли својата роденденска желба, која како што наведе во описот на фотографиите веќе е остварена, а притоа посака да остане вечна желба.

Фото: Принтскрин/Instagram

Не постои нешто што повеќе сакам од нив. Нив си ги посакувам за роденден. Да ми се здрави само, стои во описот на прекрасната галерија кога Сара ја сподели со своите бројни фанови.

Фото: Принтскрин/Instagram

Малечката Илина уживаше во специјалитетите од кинеската кујна, па дури и се обиде ја јаде со традиционалните кинески стапчиња, а потоа позираше пред камерата совршено стилизирана по повод роденденот на својата мајка.

Среќен роденден Сара Мејс!

Слични објави

(Видео) Тоше Зафиров: На мажот му треба секс и добра храна од жената, и така нема да помисли на друга

msp-admin

(Фото) Мис Емилија Розман се пофали со бујното деколте: Машала!

msp-admin

(Фото) Ханка Палдум блесна во Загреб, ноќ полна со емоции за Тома Здравковиќ

apostolova

(Фото) Уникатен дар за мајка си од Лора: Ќерката на Турунџиева направи нешто посебно

msp-admin

Хороскоп за 31 март: Раковите се фокусирани на семејството, Овните ќе се соочат со потешкотии

Еспресо

(Фото) Карлеуша објави фотографија без шминка – Кој би рекол дека пејачката изгледа вака?

Еспресо
Се вчитува....