08:35 - 1 февруари, 2026

(Фото) По Тони и Драгана, се огласи и нивниот син Тони: Славеле во замокот во Виена, а сега јавно ѝ се обрати на славеничката

Во замокот на српската пејачка Драгана Мирковиќ и нејзиниот сè уште законски сопруг Тони Бијелиќ, се одржа прослава за 22-от роденден на нивната ќерка Мануела Бијелиќ.

Драгана и Тони по тој повод се огласија на социјалните мрежи, а сега роденденот јавно ѝ го честиташе и нејзиниот брат Марко Бијелиќ.

Тој објави заедничка фотографија на која ѝ го честита роденденот.

„Среќен роденден на најдобрата сестра на светот“, напиша Марко.

Покрај честитките, Драгана на својот инстаграм-профил објави и фотографии од вилата во Виена на кои покажа како поминала прославата.

Пејачката ја фотографирала трпезариската маса на која имало храна во изобилство, сè е во розови тонови, а на ѕидот имало огромни балони со натпис: „Среќен 22. роденден“.

Покрај тоа, Драгана ја покажала и тортата во форма на срце, исто така во розова боја.

Тони, имено, објавил заедничка фотографија и јавно ѝ го честитал роденденот на својата ќерка, а таа ја споделила објавата.

„Среќен роденден, принцезо. Најголемата љубов на тато“, напишал тој, а потоа се огласила и Драгана со заедничка фотографија.

„Мануела, среќен роденден, сонце мое. Те сакаме најмногу“, напишала Драгана.

 

Боки 13 ја поддржа Јелена Карлеуша по инцидентот со Тошиќ: „Нејзината храброст е инспирација“

 

 

 

 

 

Слични објави

Хороскоп за 1 февруари: Водолии, играте на картата за емотивен ризик

Еспресо

„Новак не е робот, ова не е само спорт“: Марија Шерифовиќ јавно му се обрати на Ѓоковиќ

Еспресо

(Видео) Жешки пози пред камерата: Рада Манојловиќ без градник го „запали“ интернетот

Еспресо

(Фото) Северина во злато од глава до пети: Пејачката објави досега невидена фотографија од 2022 година

Еспресо

„Само никогаш немој да ми забраниш да го гледам моето дете“: Гоца Тржан проговори за расправиите со Раша

E.A.

„Неколку дена пред да го запознаам Каспер сакав да се замонашам “: Мина Костиќ за малку ќе оставела сè

E.A.
Се вчитува....