20.4 C
Скопје
22:52 - 12 јули, 2026

(Фото) Опра Винфри никогаш не изгледала подобро: Откри како ги изгубила килограмите

Опра Винфри оваа среда ја покажа својата витка фигура на ревијата на Луј Витон, организиран во Италија, а кога се појави, многумина мораа да погледнат неколку пати за да се уверат дека тоа е таа – 69-годишната водителка прочуена низ светот.

Облечена во бел костум, кој вклучуваше кошула од туника и панталони со широки ногавици, Опра го истакна својот струк со црн појас, а колку слабеењето ѝ даде самодоверба може да се види од нејзиното позирање на црвениот тепих.

Никогаш не криела дека се бори со вишокот килограми, но дури сега успеала да го направи она за што сонувала цел живот. Како што откри, во текот на минатата година решила целосно да ги ресетира сите навики кои ги имала дотогаш.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Oprah (@oprah)

Ги променила прехранбените навики, но и повторно ја презела контролата врз својот живот. Во најлошиот период од животот на Опра Винфри стигнала до бројката од 107 килограми, а овој пат се одлучи за програма за слабеење, со која веќе во една прилика ослабе повеќе од 20 килограми.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Oprah (@oprah)

– Време е за ресетирање, го чистам фрижидерот. Така ќе останам на зацртаниот пат, изјави таа минатата година во видео на Инстаграм. Опра Винфри почнала да размислува што јаде и ги презела работите во свои раце и повторно се активирала во Weight Watchers, со кои во 2016 година ослабела дваесетина килограми. Потоа таа рече:

„Откако почнав да соработувам со Weight Watchers, изгубив повеќе од 20 килограми. Можам искрено да ви кажам, повеќе не се борам и јадам се што сакам – тако, тестенини… Во ниту еден момент не се чувствував како да сум лишена од нешто.’

Популарниот систем за слабеење Weight Watchers беше создаден во 60-тите од домаќинката Жан Нидеч и стекна огромна популарност во текот на деценијата. Самата програма се заснова на 4 основни принципи – исхрана, мотивација за вежбање, корисни навики и групна поддршка, а покрај сето ова се користи и систем на бодување, благодарение на кој секој поединец може сам да си ги избира оброците.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Oprah (@oprah)

Системот на бодување оди отприлика вака – 0 поени за овошје и зеленчук, 2 поени за повеќето посно месо, риба и житарки, додека најмногу поени се дадени на храна богата со масти и шеќери.

Како што изјави Опра пред неколку години, таа се одлучила за оваа програма на слабеење бидејќи е „полесна од која било друга програма во која учествувала“.

„Тоа е начин на живот, начин на исхрана кој е толку ослободувачки. Никогаш не се чувствувате како да сте на диета и тоа навистина функционира“.

 

 

Слични објави

Елена Велеска жедта ја гасне со коктели и шармира во црвен костим за капење

Еспресо

(Фото) Ова е луксузниот стан на Марија Шерифовиќ – се наоѓа во елитниот дел од Белград, први соседи ѝ се Новак Ѓоковиќ и Милица Тодоровиќ

Еспресо

(Фото) Ирина Дишо и Павле Камилоски на Галичка свадба: „Таа е мостот што ги поврзува минатото и иднината“

Еспресо

„Блеска, заљубена е…“: Милица Павловиќ проговори за љубовната врска на Џејла Рамовиќ

Еспресо

„Прагма“ ви ја претставува новата колекција – совршени свечени фустани за сечиј вкус

Еспресо

(Фото) Не се знае која е поубава! Српската актерка Слобода Миќаловиќ со сестрите на ноќна забава

Еспресо
Се вчитува....