15:15 - 1 април, 2026

(Фото) Никогаш не би ги поврзале! Оваа актерка ѝ е кума на Цеца Ражнатовиќ, кумството трае 15 години

Instagram

Ретко кој знае дека познатата српска актерка е кума на српската фолк пејачка Светлана Цеца Ражнатовиќ. Станува збор за Љубинка Клариќ, која ретко зборува за својот живот, па и оваа информација е помалку позната.

Фото: Принтскрин/Инстаграм

– Нашето кумство трае 15 години. Мојата сестра ја венча сестрата на Цеца и така ние станавме куми. Одржуваме контакт онолку колку што ни дозволуваат обврските, но сите се трудиме да се собереме на важни семејни настани – открила актерката пред три години за српски „Курир“.

Љубовта ја однела во Америка, каде со сопругот Небојша живеела неколку години. Сепак, таа одлучила да го напушти американскиот сон и да се врати во Србија, заедно со својот син Коста.

Фото: Принтскрин/Инстаграм

Покрај сериите по кои ја памети публиката, актерката најмногу е ангажирана во театар. Филмската кариера ја започнала со улогата во филмот „Нормални луѓе“.

Љубинка Клариќ играла во бројни српски серии како „Клан“, а таа ги освои срцата на гледачите со улогата на Дуња во серијата „Мојот роднина од селото“.

 

Слични објави

(Фото) Крајно непријатно – Азис не може да спие на стомак поради новите гради

E.A.

(Фото) По долго време, Искра Трпева ѝ се врати на старата љубов

msp-admin

Ана Николиќ e загрижена за здравјето на Рале: „Состојбата е сѐ полоша и полоша“

Еспресо

(Фото) Ирена Спировска во елегантен и гламурозен фустан, привлече внимание на посебен настан

Еспресо

Јована Јеремиќ е страв и трепет за угостителите: „Полоша сум од инспекција, не ми замерувајте“

E.A.

(Фото) Живкица во гламурозно издание, тој е заслужен за ова

apostolova
Се вчитува....