-0.2 C
Скопје
20:48 - 10 јануари, 2026

(Фото) Најубавата жена на светот: Српскиот водител на бремената девојка ѝ го честиташе роденденот

Спрскиот водител Огњен Амиџиќ веќе извесно време ужива во љубовта со колешката Мина Наумовиќ, а сега ѝ се обрати јавно, споделувајќи нивна заедничка фотографија од уште едно патување.

Имено, убавата Мина, која е бремена, денеска слави роденден, а Амиџиќ на социјалната мрежа Инстаграм јавно ѝ испрати честитка со зборови кои ги топат и најстудените срца и призна дека таа е жената на неговиот живот.

„Среќен роденден, Мина! На најубавата и најдобрата жена на светот ѝ посакувам сè што и себеси“, напиша водителот во својата објава и со тоа ги одушеви своите следбеници на Инстаграм.

Инаку, водителот Огњен Амиџиќ неодамна ја потврди радосната вест дека тој и неговата избраничка и колешка Мина Наумовиќ чекаат бебе и дека наскоро ќе станат родители.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Mina Naumovic (@callmenaumi)


Како што беше откриено по радосната вест, популарниот пар веќе ја закажал својата венчавка, а Мина неодамна се огласи и откри како се чувствува.

„Што се однесува до бременоста, ништо не е како што е на реклама, сите лажат. Едното око ви е на челото, другото на рамото, цело време. До породувањето само стари слики“, напишала Мина во својата објава.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Mina Naumovic (@callmenaumi)

Слични објави

„Сакаше да се омажи за мене ако ѝ купам стан и автомобил“: Познат пејач добил директна понуда од Мина Костиќ

Еспресо

Почина мајката на Перо Камиказа: Музичарот објави трогателна фотографија и објава

Еспресо

ВИДЕО | Ела Дворник откри долго чувана семејна тајна: „Мојот татко имаше сериозна болест“

Е.А.

Дневен хороскоп за 10 јануари: Бидете внимателни во донесувањето на одлуките

apostolova

Песната на Лепа Брена не познава граници: Девојка од Германија ги воодушеви сите со изведба на нејзиниот познат хит

Е.А.

(Фото) Азис ја започна 2026 година со одмор на Хаваи

Е.А.
Се вчитува....