17:56 - 8 ноември, 2026

(Фото) Мис Белгија сподели порака од болница по страшната сообраќајна несреќа: Но, во болница заврши и убавицата од Велс

Актуелната мис на Белгија Шајен Ван Арл беше тешко повредена откако нејзиниот автомобил удри во камион пред Антверпен во вторникот попладне.

23-годишната девојка која се натпреваруваше на 71. Мис Универзум во Њу Орлеанс треба да се откаже од својата национална титула во финалето на Мис Белгија 2023 оваа сабота.

Според извештаите, таа била пренесена во болница во бессознание од здобиените повреди на лицето и на телото, но сега е во стабилна состојба.

Организаторите на Мис Белгија потврдија дека кралицата на убавината сега е „во опоравување и се ќе биде во ред“, но во нејзината сегашна ситуација, се чини малку веројатно дека таа ќе ја круниса својата наследничка на претстојниот настан.

Убавицата од Белгија, од болница сподели фотографија и проака до своите фанови.

– Сообраќајна несреќа, момент кога се ви е одземено. Мојата лекција од ова е дека во душата и главата мора да бидеш слободен. Менталното здравје е важно. Притисок. Младите се под толку голем притисок што понекогаш станува преголем. И низ облак од емоции, прашања, хаос, мисли, не гледаш ништо околу себе додека сè не поцрни. Понекогаш треба да поминеш низ нешто за да копаш длабоко во душата за да видиш како можеш да вратиш сè во рамнотежа. Вашиот сопствен ум и мисли можат да бидат најопасното оружје ако не го ставите во перспектива на вистински начин. Ослободете се од сите што се обидуваат да ве срушат. Престанете со негативноста околу вас и грижете се за вашите мисли и енергија. Ви благодарам на сета светлина и сета љубов што ја добив од сите вас. Засега не сум активна на социјалните мрежи, бидејќи треба многу да одморам. Не можам да се справам со многу стимули поради потрес на мозокот. Но, се надевам дека ќе размислите за ова што го напишав и дека ќе се грижите за себе, ве сакам!, напиша таа на Инстаграм.

Ова не беше прва сообраќајна несреќа што ѝ се случи на носителка на национална титула за убавина на почетокот на годината.

Минатиот месец, Мис Велс 2022, Дарси Корија се здоби со скршена карлица и две скршени коски на вратот по несреќа во близина на Бриџенд.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Darcey Corria🤍 (@darceycorria_)

Се очекува и велшката убавица целосно да закрепне и можеби ќе може да учествува на изборот за Мис на светот 2023 година во мај.

Слични објави

(Видео) Џина Џиновиќ објави снимка од кревет: Откри какви естетски корекции направила

apostolova

Нападната босанската пејачка Алдина Бајиќ: Покажа модринки и најави дека ќе го пријави случајот во полиција

Еспресо

(Видео) Објавена домашна снимка од Јелена Карлеуша и Шева: Романтична атмосфера во вилата на Дедиње

Еспресо

(Видео) Тања Савиќ со свршеникот Муки и синовите отпатува на Малдивите: Еве како уживаат на луксузната дестинација

Еспресо

(Фото) Цеца настапи во спектакуларен костум од 7.000 евра пред 12.000 посетители во Бугарија

Еспресо

Може со години да го оштетува организмот без да почувствувате ништо — тивката опасност што го зголемува ризикот од мозочен удар

К.С.
Се вчитува....