21:35 - 7 ноември, 2026

(Фото) Мина Костиќ го запозна дечкото во живо по шест месеци врска: Каспер конечно пристигна во Србија

Српската пејачката Мина Костиќ го запозна дечкото Каспер во живо по дури шест месеци врска. Мина предизвика лавина од реакции кога откри дека е во врска со бизнисмен кој се претставува како Каспер, иако никогаш не се сретнале лично.

Нивната романса, обвиткана во мистерија, беше потврдена кога Каспер се појави во живо во емисијата „Амиџи шоу“ и го откри својот идентитет.

Судејќи според фотографијата што Мина ја објави на Инстаграм, Каспер пристигнал во Србија. Мина ги сподели на социјалните мрежи заедничките моменти од првата средба на двојката.

– Нашата врска е сосема вистинска, без никаква причина за сомнеж. Ја видов Мина во живо и нашата врска е вистинска. Нема лаги во оваа приказна – рекол Каспер во емисијата „Амиџи шоу“.

Мина откри дека планира и да се омажи за него.

– Не е само љубов, го сакам. Сега имам 50 години, тоа е зрела возраст. Не верував, кога ги кренав рацете, тогаш се појави тој. Едвај чекам да дојде. Се слушаме и гледаме секој ден, очекувам најдобро. Има позитивен сценски страв – рекла пејачката.

Слични објави

„Јадев остатоци од туѓи сендвичи, од стрес ми опадна косата“: Бојан Маровиќ за пеколот на почетокот на кариерата

Т.Ц.

„Веднаш знаев дека ќе се омажам за него“: Александра Пријовиќ откри каде се случил првиот бакнеж со Филип Живојиновиќ

Еспресо

Ава Карабатиќ ја демантираше веста за нејзината смрт што се прошири на социјалните мрежи: „Никогаш не би кренала рака на себе“

Т.Ц.

Како феникс се издигна над животните предизвици: Цеце Николова ја пронајде среќата во љубовта со Јане

Еспресо

Здравко Чолиќ дал половина милион евра за стан на Истра, па наишол на проблем – три години не може да се всели

apostolova

Млада Месечина во Скорпија на 9 ноември — време е да го оставите минатото зад себе и да им дадете шанса на новите почетоци

К.С.
Се вчитува....