03:13 - 2 ноември, 2026

(Фото) Лепа Брена на вечера со вонбрачниот син на Мирослав Илиќ: Насмеани, наздравуваат со вино

Вонбрачниот син на српскиот пејач Мирослав Илиќ, Девин Антоновиќ, уживал на вечера со пејачката Лепа Брена.

Оваа интересна средба ја снимила мајката на Девин, Мирјана Антоновиќ, која е блиска пријателка на познатата пејачка.

Мирјана ја споделила заедничка фотографија од својот син Девин и Лепа Брена со своите следбеници на социјалните мрежи.

На фотографијата јасно се гледа како Девин Антоновиќ и Лепа Брена уживаат во заедничката вечера, а во еден момент наздравиле и со чаши вино.

Кога станува збор за стајлингот, Брена се одлучила за малку необично издание за оваа пригода, со оглед на тоа што цело време носела очила за сонце и шешир. Девин, од друга страна, избрал сосема лежерна облека за опуштената вечера.

Да потсетиме, Брена на едно судење ѝ пружила поддршка на Мирјана Антоновиќ.

– Брена ја угости Мирјана кога дојде во Белград по повод судењето со Илиќ. Таа одамна со целото срце е со неа и сака правдата да се истера до крај. Брена е свесна колку на Мирјана сето ова со судењето со Мирослав ѝ е стресно, па затоа се потруди максимално да ужива додека е кај неа дома – рекол тогаш изворот на „Блиц“.

– Во својот дом на Бежанијска коса, Брена по рочиштето организираше големо собирање на луѓе кои им се драги, кои се опуштија со виното и богатата гозба. Сè имаше во изобилство, а Мирјана беше трогната од гестот на Брена. Пејачката ја почести со неколку пакети српски специјалитети, кои на Мирјана ѝ недостигаат во Канада – додал изворот за српски „Блиц“.

 

Слични објави

Бунтовник против системот и една од најконтроверзните рок-легенди — на денешен ден е роден Бора Чорба

К.С.

Мажите открија кој дел од женското тело им е неочекувано привлечен — не се градите, ниту задникот

К.С.

(Фото) Борко Ристовски прослави 10 години љубов со сопругата Нина: „Секогаш ќе бидам тука за тебе“

К.С.

„Намерно треснав сума што е нереална дури и за Реал Мадрид“: Воја Недељковиќ откри како преговарал за хонорарот во Ѕвездите на Гранд

Т.Ц.

Сè потешко спиеме добро — научниците откриваат што ни го нарушува сонот и зошто проблемот не е само во нас

К.С.

„Ти беше феномен“: Јосипа Лисац со трогателна посвета се прости од Мишо Ковач

К.С.
Се вчитува....