04:05 - 2 ноември, 2026

(Фото) Џејла Рамовиќ пред врската со Јаков Јозиновиќ била вљубена во овој пејач: „Никогаш не му кажав за тоа“

Медиумите во регионот од вчера наголемо пишуваат за наводната врска помеѓу пејачката Џејла Рамовиќ и пејачот Јаков Јозиновиќ, откако пејачот објави видео на кое се бакнува со непозната девојка, која многу личи на неговата колешка.

Младиот естраден пар сè уште не се огласил за ова, но она што многумина го забележале е дека поранешното момче на Џејла, словенечкиот пејач Бојан Цвијетиќанин, фронтменот на групата „Џокер аут“, ги отследил двајцата од Инстаграм.

Тоа сè уште не е официјална потврда за нивното раскинување, а во екот на новите приказни, исплива изјавата на Џејла за тоа кој ѝ се допаѓал од естрадата.

– Милан Станковиќ отсекогаш ми беше симпатија од познатите личности! Бев вљубена во него. Кој не е? Никогаш не му го кажав тоа – рекла Џејла за Станковиќ, за кого се шпекулира дека се враќа на естрадата по повеќегодишна илегала.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by MILAN STANKOVIC (@milanstankovic)

Да потсетиме, Џејла никогаш јавно не ја потврди ниту романсата со Бојан, но обожавателите со години го следат секој нивни заеднички момент. Тие беа видени и на концертот на Били Ајлиш во Копенхаген на 29 април оваа година, а Бојан, според наводите, присуствувал и на еден од настапите на Џаила. Тој се појави и во спотот за нејзината песна, што дополнително ги подгреа приказните за нивната врска.

 

Слични објави

Бунтовник против системот и една од најконтроверзните рок-легенди — на денешен ден е роден Бора Чорба

К.С.

Мажите открија кој дел од женското тело им е неочекувано привлечен — не се градите, ниту задникот

К.С.

(Фото) Борко Ристовски прослави 10 години љубов со сопругата Нина: „Секогаш ќе бидам тука за тебе“

К.С.

„Намерно треснав сума што е нереална дури и за Реал Мадрид“: Воја Недељковиќ откри како преговарал за хонорарот во Ѕвездите на Гранд

Т.Ц.

Сè потешко спиеме добро — научниците откриваат што ни го нарушува сонот и зошто проблемот не е само во нас

К.С.

„Ти беше феномен“: Јосипа Лисац со трогателна посвета се прости од Мишо Ковач

К.С.
Се вчитува....