9.8 C
Скопје
12:31 - 1 април, 2026

(Фото) Лејла Рамковска му честиташе роденден на Роберт Билбилов: Среќен роденден љубов

Роберт Билбилов и Лејла Рамковска се еден од најактуелните парови меѓу познатите личности кај нас. Тие не ја кријат својата љубов од јавноста и неретко споделуваат заеднички фотографии на социјалните мрежи.

Овој пат, Лејла имаше посебен повод да сподели фотографија со саканиот. Имено, Роберт го слави својот 41.роденден, а на социјалните мрежи добива голем број честитки од пријателите и колегите од естрадата.

Но, прва која му честиташе роденден беше токму неговата најсакана, Лејла.

„Среќен роденден љубов“ напиша Лејла на инстаграм приказната покрај фотографијата од нив двајца како гушнати уживаат на плажа.

Инаку, неодамна во интервју за „Слободен печат“, Лејла откри како започнала љубовната приказна со Роберт.

„Кога нешто треба да се случи, се случува во вистински тајминг, но реално, јас го направив првиот чекор и за неговиот роденден му пратив букет цвеќе со мала посвета и оттогаш сме неразделни“, изјави Лејла.

Слични објави

Јована Јеремиќ е страв и трепет за угостителите: „Полоша сум од инспекција, не ми замерувајте“

E.A.

(Фото) Живкица во гламурозно издание, тој е заслужен за ова

apostolova

Почина Биба Струја, човекот-феномен кој со голо тело пржеше виршли и загреваше вода до вриење

E.A.

(Фото) Лара Чолиќ за првпат во јавноста по бомбата која беше фрлена на нивниот дом

Еспресо

(Видео) Колегите на Спенџарска и Роберт открија што ги нервира кај нив

Еспресо

Хороскоп за 1 април: Близнаците откриваат вистина што ги менува, Вагите наоѓаат баланс во себе

Еспресо
Се вчитува....