13:41 - 27 ноември, 2026

(Фото) Колинда Грабар-Китаровиќ се јави од финалето на СП, нејзината фотографија открива посебен детаљ!

Поранешната претседателка на Хрватска Колинда Грабар-Китаровиќ, позната како една од најстрасните навивачки, не го пропуштила големото финале на Светското првенство во фудбал, што вчера се играше во Њу Џерси, САД.

На стадион исполнет до последното место, Колинда Грабар Китаровиќ го гледала финалниот натпревар помеѓу Шпанија и Аргентина, а со фотографија од Светското првенство веднаш се пофалила на социјалните мрежи. Иако позирала насмеана, во лежерно издание, вниманието на јавноста го привлекле деталите што ги носела на раката.

 


Покрај златната пластична нараквица со натписот „Финале“, која гостите ја добивале на крајот од натпреварот, многумина го забележале елегантниот сребрен часовник на Колинда. И додека некои би очекувале на раката да носи баснословно скап часовник, сепак, Колинда се одлучила за елегантен часовник со поприступачна цена.

Станува збор за часовник од брендот „Сваровски“, кој чини точно 350 евра.

Овој модел се карактеризира со минималистички дизајн и го комбинира изгледот на елегантна нараквица со препознатливите кристали на брендот „Сваровски“, поради што совршено се вклопил во стилот на поранешната претседателка на Хрватска.

 


Во пресрет на натпреварот помеѓу Шпанија и Аргентина, поранешната хрватска претседателка била прашана за кого ќе навива, но таа не избра ниту една репрезентација. Таа рекла дека сака квалитетен натпревар, фер игра и врвен фудбал.

Нејзината поврзаност со големите фудбалски настани е позната и претходно. Непосредно пред финалето, таа објави фотографија со официјалната топка на Светското првенство во 2022 година во Катар, на која се потписите на аргентинската ѕвезда Лионел Меси и францускиот репрезентативец Килијан Мбапе.

Како што изјави, тоа е посебен колекционерски предмет и вреден спомен од турнирот, кој беше запаметен како едно од најзначајните изданија на Светското првенство.

 

 

 

Слични објави

Го нарекуваат „природен Оземпик“, а го има во речиси секоја кујна — дали овој евтин производ навистина помага при слабеењето?

К.С.

Николина Ковач и Саша Капор за брачните предизвици и семејната хармонија: „Никаде не е идеално…“

Е.А.

(Фото) Ноемвриска распродажба во Wood room – трпезариски и клуб маси, детски плакари, канцелариски столици…

Еспресо

Меки како облак, а не се пржат во масло — рецепт за домашни крофни од рерна

К.С.

(Видео) Владо Јаневски во „Евергрин“ ја запиша својата тајна географија на Скопје

Т.Ц.

Марија Шерифовиќ нема да ја претставува Србија на Евровизија 2027: „Поради бројните професионални обврски не ја прифати поканата“

Е.А.
Се вчитува....