11.8 C
Скопје
18:38 - 17 октомври, 2026

Мики Јовановски – Џафер го почна својот 76. круг околу сонцето: „Животот се вреднува според тоа како луѓе те сакаат и почитуваат“

Популарниот пејач, ветеранот на македонската поп-сцена Мики Јовановски – Џафер, викендов го прослави својт роденден. Џафер наполни 75 години. Неговиот профил на Фејсбук е преполн со пораки, фотографии и видеа од преубави честитки од неговите пријатели.

Денеска пејачот се одлучи да им се заблагодари на сите коишто се сетиле на него и напиша преубав статус.

„Животот се вреднува според тоа колку луѓе те сакаат и почитуваат. Веројатно, смислата на живеење е во возвраќање љубов и внимание кон личноста која те спомнува за арно па и се гледа себеси со иста добрина во твојата личност. Секој човек, секое лице е свемир. И Вие сте тоа, Благодарам секому поединечно за роденденската честитка. Благодарам фејсбук “, стои во неговата објава.

Џафер во 2024 година прослави јубилеј од 50 години кариера со неколку концерти низ Македонија.

Негова најпозната песна е баладата „Сонце за три света“, која беше прогласена за најголем хит на 1990-тите и влезе во историјата на македонската музика. Со оаа песна тој настапи на Макфест во 1993 кога свои награда за најдобар текст, а Џафер, кој го напишал текстот, доби и награда за интерпретација. Во 2019 Џафер доби Златна бубамара за трајни вредности.

Слични објави

„Ми ветуваше помош, па одеднаш го прекина контактот“: Пејачка бесна на Харис Џиновиќ ракажа се за нивната комуникација

Е.А.

(Фото) Северина покажа како се опушта пред настап – ужива во костим за капење и очила за сонце како да е лето

Еспресо

Цел живот патиме една по друга: Тамара Тодевска откри емотивна приказна за сестра ѝ Тијана

Еспресо

По долги години во Америка, Александра Пилева навести враќање во Македонија: „Ќе се видиме наскоро“

Еспресо

Марија и Бојан од „Ај кју“ брзо ќе станат родители: Со мојата љубов и нашето бебе

Еспресо

(Фото) Трпезариските маси на Wood room сега се достапни по набавни цени

apostolova
Се вчитува....