13:36 - 7 ноември, 2026

Драгана Мирковиќ го одложи концертот во Црна Гора, се огласи со порака до публиката

Пејачката Драгана Мирковиќ соопшти дека концертот, кој требаше да се одржи на 25 јули во Жабљак, е одложен поради Денот на жалост што е прогласен во оваа црногорска општина по трагичен настан во кој едно лице го загубило животот.

Веста ја објави преку своите профили на социјалните мрежи, каде што им се обрати на своите обожаватели и најави дека за новиот термин ќе бидат дополнително известени.

„Драги мои, поради Денот на жалост, концертот на Жабљак, закажан за 25 јули, се одложува. Ќе бидете известени. Ви благодарам многу за разбирањето. Ве сака вашата Драгана Мирковиќ“, напиша пејачката.

Само неколку дена претходно, Мирковиќ настапуваше на отворањето на еден клуб во Хрватска, но тогаш беше принудена предвреме да го прекине настапот поради нарушена здравствена состојба.

Сепак, според последните информации, таа повторно се чувствува добро и продолжува со своите настапи, а концертот во Жабљак е одложен исклучиво поради Денот на жалост во општината.

Слични објави

Утре се празнува Митровден — обичаите и верувањата што Македонците ги негуваат со векови

К.С.

(Фото) Сè е уредено со многу стил – ѕирнете во луксузниот дом на Нина Бадриќ

Еспресо

„Малку сум љубоморен“: Дарко Лазиќ ѝ го покриваше деколтето на сопругата, па ја изненади со изјава за нови деца

К.С.

(Фото) Драган Бјелогрлиќ ужива во скопската боемска атмосфера — во друштво на Петре Арсовски и Дејан Дуковски

К.С.

Викенд-појадок што мириса на детство — меки ролнички со сирење, готови за помалку од еден час

К.С.

Хороскоп за 7 ноември: Девиците ќе добијат пофалба што ќе им го разубави денот, Скорпиите ќе ја послушаат интуицијата

Еспресо
Се вчитува....