14:39 - 10 ноември, 2026

(Фото) Која беше Франсоаз Жило, бунтовната муза на Пикасо: 40 години помлада од него му роди две деца, но не му прости неверство

Во болница во Менхетен на 101 година почина најбунтовната муза на Пикасо, Франсоаз Жило, и самата сликарка која учела до големиот мајстор, негова инспираци и жена која му роди две деца и која си замина без збор, поради неговите неверства.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Randy Wilcox (@detroitfunk313)

Не многу луѓе имаат прилика да живеат покрај генијалци. Нивната сила, темперамент, независност ги потиснува сите наоколу… Токму таков беше Пабло Пикасо. Во текот на животот во негова близина имаше жени кои го идолизираа и буквално полудуваа по него. Но, само Франсоа Жило, непослушната муза, го исполнуваше мајсторот со виталност и енергија цели 10 години, а притоа успеваше да не ја истроши својата.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Le Monde in English (@lemonde_en)

Тој имаше 62, а таа 22. Франсоаз Жило беше млада уметница која му позираше на светски познатиот маестро и земаше приватни часови од него. Шест месеци подоцна, нивните часови прераснаа во бурна романса. Новите емоции, се разбира, беа прикажани во работата на Пикасо. Во 1946 година, уметникот ја насликал сликата „Цветна жена“, инспирирана од женственоста и бунтовноста на неговата сакана.

Нивната романса траеше 10 години. За тоа време, Франсоаз му роди на Пикасо две деца, Клод и Палома. Жената ја трпеше неговата експлозивна природа, и себичноста. Таа не можеше само да му прости неверство. Франсоа Жило не бунтуваше со хистерии, не полуде, не изврши самоубиство, како другите негови сопруги. Таа само си ги спакува работите, ги зеде децата и си замина.

Подоцна, омилената муза на уметникот ќе ја напише книгата „Мојот живот со Пикасо“, што ќе го налути сликарот многу, но во исто време ќе добие светска популарност.

Франсоаз Жило активно сликаше до самиот крај на нејзиниот живот. Таа на 93 години имаше изложба, потоа објави книга, и, се разбира, до последен миг се сеќаваше на тој период од животот кога била омилена муза на ексцентричниот гениј со експлозивен карактер.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by McNaught Fine Art (@mcnaughtfineart)

 

Слични објави

(Фото) Како холивудска дива — Светлана Црнокрак во црна тоалета со откриени рамена на јубилејот на Карпош

К.С.

Зошто во ноември постојано сме уморни и без волја? Овие знаци можат да укажуваат на сезонска депресија

К.С.

Трета среќа – Игор Којиќ во тајност се ожени со избраничката која го носи неговото дете

Еспресо

(Фото) Аделина Тахири воодушеви во црн фустан со длабоко деколте и светкав детаљ

К.С.

Јелена Карлеуша проговори за Зоран Бирташевиќ: „Никој не се кара како нас“

Е.А.

Вкусен прилог со златна кора — рецепт за суфле од четири компири со пармезан

К.С.
Се вчитува....