16:37 - 27 ноември, 2026

(Фото) Ќерката на Драгана Мирковиќ имаше посебен повод да се огласи: Објави досега невидени фотографии

Мануела Бијелиќ, ќерката на Драгана Мирковиќ и Тони Бијелиќ, целосно се повлече и за разлика од нејзиниот брат не се појавува во јавноста, па дури има и заклучен профил на Инстаграм.

Имено, Мануела целосно се повлече од јавниот живот, а самата Драгана во неколку наврати изјави дека „тоа не ѝ се допаѓа на нејзината ќерка“. Посебно по разводот на родителите, никаде во јавноста не се појави реакција од Мануела…

Но, сега таа имаше посебна причина да се огласи, а тоа беше семејна прослава. Нејзиниот брат Марко денеска, 24 февруари, слави роденден, поради што таа сподели емотивна објава.

Мануела објави колаж од досега невидени фотографии од детството со нејзиниот брат Марко, честитајќи му го роденденот.

„Среќен роденден брату“, напиша таа, додавајќи емотикон со срце, кое тој го сподели.

Инаку, Драгана неодамна проговори за односот со нејзините деца, син и ќерка кои останаа да живеат со неа во замокот по разводот со Тони.

– Уживаат, горди се на својата мајка, што е природно и нормално – изјави тогаш Драгана.

Слични објави

(Видео) Синот на Лозано и ќерката на Мартин Филиповски во улога на музичари — најслатката најава за концертот на „Некст тајм“

К.С.

(Фото) Гога Секулиќ ослабе дури 27 кг! Дејан Милиќевиќ го обвинија дека ја истенчил, а тој ги покажа необработените фотографии

Еспресо

Војаж за првпат сподели заеднички фотографии со свршеницата по раѓањето на детето: Уживаат на зимски одмор во Франција

Е.А.

Го нарекуваат „природен Оземпик“, а го има во речиси секоја кујна — дали овој евтин производ навистина помага при слабеењето?

К.С.

Николина Ковач и Саша Капор за брачните предизвици и семејната хармонија: „Никаде не е идеално…“

Е.А.

(Фото) Ноемвриска распродажба во Wood room – трпезариски и клуб маси, детски плакари, канцелариски столици…

Еспресо
Се вчитува....