12:10 - 2 ноември, 2026

(Фото) Како грчка божица: Нина Бадриќ ги остави сите без здив во бел свилен фустан

Хрватската пејачка Нина Бадриќ долго време е на музичката сцена , а многумина тврдат дека изгледа како да „замрзнала“ во времето.

Бидејќи со години изгледа негувано и природно, многумина не можат да поверуваат колку години има, а сега таа го докажа тоа со уште една фотографија.

Имено, Нина објави фотографија на социјалните мрежи од вечера во ресторан, а за оваа пригода избрала многу елегантен и софистициран стил.

Нина позираше облечена во бел, долг свилен фустан со детали од чипка на деколтето.

Елегантниот фустан и убавината на пејачката го привлекоа вниманието на нејзините следбеници, кои не го криеја своето воодушевување од нејзиниот изглед. Коментарите следуваа еден по друг, а многумина истакнаа дека е тешко да се поверува дека пејачката има 53 години.

Нина уште еднаш докажа дека стилот, харизмата и самодовербата не бледнеат со возраста, туку доаѓаат до полн израз.

Слични објави

(Фото) Розова перика и кратко фустанче – ќерката на Здравко Чолиќ се маскираше за Ноќта на вештерките

Еспресо

(Фото) Калтрина Круезиу како црн лебед — гламурозно издание за Ноќта на вештерките

К.С.

Здравко Чолиќ се прости од Мишо Ковач со емотивна порака: „Сите ние почнавме со твоите песни“

Еспресо

Врвна изработка, оригинален дизајн, пристапни цени – Одберете уникатни клуб-маси од орев и епоксидна смола од Wood room

Еспресо

Крцкави лиснати печива со сирење и сланина — вкусни залчиња од само неколку состојки

К.С.

Дневен хороскоп за 2 ноември: Биковите ги очекува пријатно изненадување, а Скорпиите ќе донесат важна одлука

К.С.
Се вчитува....