15:07 - 4 април, 2026

(Фото) Јелена Ѓоковиќ е кралица на стилот на Вимблдон: Облечена во најтренди палто оваа сезона го бодреше Новак

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ се пласираше во четвртфиналето на Вимблдон, победувајќи го данскиот тенисер Холгер Руне во понеделникот вечерта. Поддршка на Ноле и овој пат од трибините му пружија сопругата Јелена и нивните деца – Стефан и Тара.

Јелена Ѓоковиќ од самиот почеток го почитува непишаниот кодекс на облекување на Вимблдон, а општо е познато дека ова е најпрестижниот и најстариот тениски турнир со изразена традиција.

Уште од првиот меч на Новак на овогодинешното натпреварување, имавме можност да ја видиме Јелена во елегантни, многу убави изданија, па така беше и на овој натпревар.

 


Убавата Јелена најчесто е верна на деловната елеганција, па повторно посегнала по тој проверен рецепт, додавајќи му ноншалантен печат со изборот на маицата.

Таа, имено, избрала префинети панталони во боја на шампањ и многу модернo краткo палто од твид, а овие две парчиња ги искомбинирала со обична памучна маица во бела боја, која внела малку лежерност во целиот стајлинг.

„Ѕвезда“ на стајлингот секако е палтото во црна боја со златни копчиња што го носи Јелена, а станува збор за тренди парче кое оваа пролет беше вистински хит. Палтата од твид се елегантни и женствени, лесно се вклопуваат и се носат во многу прилики – од утро до вечер. Инаку, ова парче го обожаваат и шпанската кралица Летиција и сопругата на Емануел Макрон, Брижит Макрон.

Ефективните златни обетки ја заокружиле оваа модна приказна, а Јелена се одлучила за нежна, дискретна шминка и едноставна фризура.

 

Слични објави

Почнува летната забава во Црна Гора! Пријовиќ ќе заработи 80.000 евра по вечер, а и Аца Лукас и Јаков Јозиновиќ ќе се опарат

Еспресо

Јаков Јозиновиќ го сруши рекордот на Чола – не запира, најави нови концерти во Белград!

К.С.

Хороскоп за 4 април: Биковите освојуваат од старт, Овните имаат сè

Еспресо

(Фото) Сања Вучиќ го покажа своето момче, нивната голема љубов е очигледна

Еспресо

(Фото) Го покажа трудничкиот стомак во чипкан градник и гаќички – Едита заводливо позира во 6-иот месец од бременоста

Еспресо

„Двоен празник, добро во лошо“: Ела Дворник откри необичен договор за децата по разводот со Чарлс

Еспресо
Се вчитува....