21:39 - 8 ноември, 2026

(Фото) Иста како мама, ова е ќерката на Гвинет Палтроу која дувна 18 свеќички

Епл Мартин, ќерката на Гвинет Палтроу и поранешниот партнер Крис Мартин, штотуку ги дувна првите осумнаесет свеќички. Актерката ѝ посвети објава на Инстаграм полна со љубов и восхит.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Gwyneth Paltrow (@gwynethpaltrow)

„18. Ми недостасуваат зборови ова утро. Не би можела да бидам повеќе горда на жената каква што си ти. Ти си сè за што можев да сонувам и повеќе од тоа. Да кажам дека сум горда можеби не е ни вистинскиот збор, срцето ми се зголемува од чувства до тој степен што не можам да го изразам тоа што го чувствувам со зборови“, напиша актерката.

Епл Мартин, родена во Лондон, е првото од двете деца што ги има актерката на ремек-делата како Вљубениот Шекспир (благодарение на кој доби Оскар во 1999 година за најдобра актерка), Талентираниот господин Рипли и Ајронмен, од нејзиниот прв сопруг, Крис Мартин. Од љубовта меѓу двајцата, венчани во декември 2003 година и официјално разделени во 2015 година, се роди и Мозес, роден на 8 април 2006 година.

Пораката на актерката посветена на нејзината ќерка завршува вака: „Ти си длабоко извонредна, во секој поглед. Среќен роденден драга моја девојко. Се надевам дека знаеш колку си посебна и колку светлина си им донела на сите оние кои имаат среќа да те запознаат. Посебно на мене.“

Слични објави

Измислија дека Ава Карабатиќ трагично загинала, а за лажна тревога хрватскиот закон пропишува казна затвор до три години

apostolova

(Фото) Дали знаете како денес изгледа раскошната Хурем Султан од „Сулејман Величествениот“? Поубава е од кога било!

Еспресо

(Фото) Жешката сабота на Маја Шупут! Му седи во скут на младиот дечко облечена во најпровокативен фустан

Еспресо

(Фото) Годините ништо не ѝ можат: Ана Ивановиќ наполни 39 години, а со една фотографија ги освои социјалните мрежи

apostolova

(Видео) Џина Џиновиќ објави снимка од кревет: Откри какви естетски корекции направила

apostolova

Нападната босанската пејачка Алдина Бајиќ: Покажа модринки и најави дека ќе го пријави случајот во полиција

Еспресо
Се вчитува....