13:11 - 7 ноември, 2026

(Фото) Исплива фотографија од Новак Ѓоковиќ и ѕвездата на „Barbie“: Актерката воодушевено гледа во српскиот тенисер

Новак Ѓоковиќ, освен што е вистински професионалец кога е во прашање неговата работа, важи и за една од најпопуларните јавни личности во светот, па не е ни чудо што многумина се воодушевени од него, пишува „Блиц“.

Покрај тоа што го обожаваат милиони фанови, го сакаат и познатите личности, меѓу кои и многу холивудски личности. Една од нив е веројатно најпопуларната жена во светот во моментов, актерката Марго Роби.

Марго и пред да ги сруши сите рекорди со популарниот филм „Barbie“, беше обожавател на Ѓоковиќ, а тоа го покажува и фотографија направена пред една деценија која се прошири на социјалните медиуми.

Двајцата биле фотографирани на тениски натпревар кој се одржал во Аргентина во 2013 година, каде Новак играл против Рафаел Надал.

Марго во тоа време снимала филм во Буенос Аирес, па нејзиниот колега Вил Смит и таа го искористиле времето за да отидат на овој натпревар.

Колку Марго била воодушевена од Новак, можете да се забележи од фотографијата, бидејќи не можела да го сокрие тоа, а сликата зборува погласно од зборовите.

Слични објави

Утре се празнува Митровден — обичаите и верувањата што Македонците ги негуваат со векови

К.С.

(Фото) Сè е уредено со многу стил – ѕирнете во луксузниот дом на Нина Бадриќ

Еспресо

„Малку сум љубоморен“: Дарко Лазиќ ѝ го покриваше деколтето на сопругата, па ја изненади со изјава за нови деца

К.С.

(Фото) Драган Бјелогрлиќ ужива во скопската боемска атмосфера — во друштво на Петре Арсовски и Дејан Дуковски

К.С.

Викенд-појадок што мириса на детство — меки ролнички со сирење, готови за помалку од еден час

К.С.

Хороскоп за 7 ноември: Девиците ќе добијат пофалба што ќе им го разубави денот, Скорпиите ќе ја послушаат интуицијата

Еспресо
Се вчитува....