10.8 C
Скопје
17:29 - 30 март, 2026

(Фото) Голема прослава во домот на Анастасија и Немања Гудељ: Пејачката никогаш не била посреќна

Повеќе од очигледно е дека цветаат рози во љубовната приказна на српската пејачка Анастасија Ражнатовиќ и фудбалерот Немања Гудељ.

Дека парот не ги заборава важните датуми од нивната љубовна врска покажува фактот што Немања ја изненади Анастасија со букет разнобојни рози по повод одбележувањето на една и пол година од почетокот на нивната врска.

„Среќна година и пол, девојче мое! Те сакам засекогаш“ – гласи пораката на англиски јазик што ѝ ја напиша Гудељ на својата сакана, а таа воодушевено ја сподели со следбениците на социјалните мрежи.

Анастасија објави неколку фотографии како во рацете држи огромен букет со рози, што го добила од нејзиниот сакан и ја покажа пораката што тој ѝ ја упатил. До фотографиите кратко напиша: „Те сакам најмногу!“.

Ова беше многу тешка година за Анастасија и Немања, откако во мај ја загубија неродената ќерка, додека пејачката беше во петтиот месец од бременоста.

По краткиот период во кој и двајцата беа скршени од болка и многумина им предвидуваа дека ќе се разделат, парот покажа дека нивната љубов е посилна од сѐ, па фудбалерот ја запроси Анастасија за време на романтична вечера кон крајот на јули. Парот, тајно се венчаа во текот на летото, а тоа го објавија само неколку недели подоцна.

Слични објави

Мина откри како го запознала Огњен Амиџиќ: „Дојдов за работа и се зезнав“

Еспресо

(Фото) Вака изгледа една од најубавите бугарски пејачки без шминка: Што се случува со носот на Преслава?

Е.А.

Ова е вонбрачниот син на Маринко Роквиќ кој живее далеку од Србија: Го откри вистинското лице вдовицата Славица

E.A.

(ВИДЕО) „Дали е дрогиран, целиот се искриви?“: Жељко Шашиќ направи хаос на аеродром па ги „нападна“ новинарите

E.A.

(Фото) Уна Чолиќ ужива на зимување со десет години постариот партнер

Еспресо

(Видео) Северина и Нина Бадриќ заедно ја испејаа најтажната песна на роденден

msp-admin
Се вчитува....