08:39 - 10 ноември, 2026

(Фото) Милан Станковиќ повторно го посети Хиландар, па заврши на инфузија

Српскиот пејач Милан Станковиќ повторно го посетил манастирот Хиландар. Милан се огласи на Инстаграм и покажа дека во манастирот завршил на инфузија.

Поради што му била потребна лекарска помош не е познато, но Милан со оваа објава ги загрижи обожавателите.

Иако многумина мислеа дека тој повеќе нема да престојува во манастири, кога ги избриша сите религиозни фотографии од својот инстаграм-профил и дека се враќа на естрадата, Милан сега ги разуверил кога објавил дека повторно отишол на Света Гора.

Инаку, пејачот на различни начини му помага на манастирот Хиландар, каде што престојуваше минатата година во текот на велигденските празници. Како што тогаш објави српски „Курир“, Милан на тоа свето место прави мелем за карцином, што го потврдил и теологот Милош Стојковиќ.

– Точно е дека Милан му помага на манастирот Хиландар. Тој доаѓа во манастирот и сам се пријавува да помогне нешто во манастирот поврзано со секојдневните работи во рамките на монашката заедница на Хиландар. Се сеќавам дека неодамна монасите како благослов му дадоа задача да помогне во подготвувањето на мелем против карцином кој се прави и може да се набави на Света Гора – рекол Стојковиќ.

Инаку, Милан, кој се повлече од јавноста, во текот на илегалата даде само едно интервју кога зборуваше за религијата.

– Крстен сум уште како бебе за да преживеам, а во мојот краток живот преживеав многу. Сите имаме стремежи, желби, планови, успеси, идеи. Господ ми даде големи дарови, а со тоа доаѓа и голем крст… А сè на крајот завршува со Господ, бидејќи преку него сè и настанало – изјавил, меѓу другото, Милан.

 

Слични објави

Дневен хороскоп за 10 ноември: Искрен разговор би можел да ви помогне да решите долгогодишно недоразбирање

Е.А.

Огњен Амиџиќ призна за што се кае во животот, па изненади со ставот за луѓето кои не сакаат семејство

Еспресо

Фризерот на Цеца ја критикуваше Александра Пријовиќ: „Ѝ недостига коса, не сè што е скапо е и добро“

Еспресо

„Јас сум аждаја за него“: Карлеуша првпат проговори за своето 24-годишно мoмче, а откри и дали се запознало со Душко Тошиќ

Еспресо

Милан Станковиќ се вратил во манастир: Рада Манојловиќ ги откри деталите

Еспресо

(Фото) Најбогатата српска актерка сподели радосни вести, слави во вилата од 4,5 милиони долари

Еспресо
Се вчитува....