16:31 - 31 март, 2026

(Фото) Гледачите ги наполнија батериите ама и очите: Златна бубамара по 26 пат ги собра најпопуларните

Вчеравечер во арената „Борис Трајковски“ се случуваше 26. Златна бубамара на популарноста, под слоганот „Да наполниме батерии во скапа тарифа“.

Годинашните водители Тино и Атанас / Фото: „Слободен печат“/Драган Митрески

Како и секоја година во ова време, манифестацијата направи пресек на овогодишната креативна продукција, сатирично ja раскаже измината година и ги награди најголемите уметници од Македонија и регионот.

На местото на водителот Сашко Коцев (кој е водител на оваа манифестација од 2006 година), овојпат беа глумците Тино и Атанас кои се погрижија за добра забава на публиката.

– Бев премногу зафатен, не можев да постигнам. Имав две претстави и турнеја во Словенија со филмот, изјави Сашко за „Слободен печат“ веднаш по манифестацијата, додавајќи дека годинава му се поклопиле ангажманите.

Но, затоа Игор Џамбазов, кој е дел од Златна бубамара уште од почетоците, се качи на сцената и, меѓу другото, прозборува и за починатите колеги Мара Попара, Марин Бабиќ и Милан Завков.

Хармоникашот Завков починал две недели пред да ја прими наградата за животно дело, па ја доби постхумно.

На сцената се појавија и Ефто Пупиновски, Блага Петреска, Ламбе, поранешната мисицата Марија Васиќ, бендот Меморија, водителката Ирена Спировска, Некс Тајм, ДНК и многу други познати лица, а внимание заслужија и Влатко Стефановски и Џибони.


„Меморија“ / Фото: „Слободен печат“/Драган Митрески
Фото – Слободен печат

 

Слични објави

(Фото) Иванка Трамп направи шоу во пустината – ретко ја гледаме во вакво издание

Еспресо

„Го крадев автомобилот од родителите“: Сергеј Четковиќ се потсети на прославата на полнолетството и проговори за Јаков Јозиновиќ

Еспресо

Станот по смртта на рок-ѕвездата Слаѓана Милошевиќ сè уште е запечатен, а исчезна и нејзиниот автомобил од 25.000 евра

E.A.

Дарко Лазиќ го одржа својот прв настап по трагедијата: „Тој не би сакал да престанам да пеам, а морам да издржувам три семејства“

Еспресо

Нина Бадриќ: Тешко е да градиш кариера без богат и моќен љубовник

E.A.

Теа Таировиќ за патот до славата: „Паднав во несвест пред концертот, а ми требаше двојно повеќе труд за да се докажам“

E.A.
Се вчитува....