29 C
Скопје
13:32 - 10 јули, 2026

Разговор со Јасмина Апостолоска, основач на Kids Today: Денешните деца заслужуваат квалитетна и функционална облека

Идејата на новоотворената интернет мултибренд продавница е да понуди поразличен концепт од оној кој е присутен до сега на пазарот. Не станува збор за „звучни“ имиња, туку за брендови кои се доста популарни низ Европа, пред сé поради фактот што произведуваат облека која е исклучиво од органски материјали, обрнуваат особено внимание каде таа облека се произведува (фабрики во кои работниците работат во соодветни услови и се платени соодветно) и процесите кои се користат при производството (за минимално загадување на природата).

Дизајнот на оваа облека е исто така поразличен од она што моментално е достапно – многу од моделите се унисекс, со дизајн и принт соодветен и за момчиња и за девојчиња. Но, она што е најважно при одлуката за избор на брендови е високиот квалитет кој сите тие го нудат и усогласеноста со детските потреби и темперамент. Овие брендови не произведуваат големи колекции, се работи на помалку парчиња, на кои се посветува големо внимание и кои креираат посебна детска приказна секоја сезона.

Јасмина Апостолоска, основач на мултибренд интернет продавница Kids Today

Филозофијата на брендовите кои може да се најдат на „Кидс Тудеј“ (Kids Today) е одалечување од брзата мода и конзумеризмот и доближување до детскиот свет кој е едноставен, полн со фантазија и прекрасен.

Неодамна ја отворивте интернет продавницата „Kids Today“ која нуди асортиман на внимателно одбрани облека и обувки за деца. Какви се денешните деца во однос на модата, и од друга страна, на што родителитете треба да посветат внимание денес кога купуваат облека за нивните деца?

– Детската мода зема сé поголем замав, бројот на брендови кои нудат детска облека и обувки станува сé поголем, а со тоа и изборот се зголемува. Како и во модната индустрија за возрасни, брзата мода (fast fashion) е присутна и кај децата, постојат доста брзо минливи трендови и облека која изгледа атрактивно, но не секогаш е удобна. Денешните деца, без разлика каде сé имаат потреба од удобност, но заслужуваат и квалитет. Токму тоа е и она на што родителите најмногу треба да посветуваат внимание – облеката да е функционална, да одговара на детските потреби, но да биде и квалитетна.

Која е предноста на облеката направена од органски материјали и каква е свесноста на нашиот пазар за побарувачка на ваква облека?

– Облеката која се продава на „Kids Today“ е направена од сертифицирани органски материјали (ГОТС сертификат), најмногу органски памук и Lyocell. За боење се користат бои со најнизок процент на хемикалии. Токму затоа, таа е искучително удобна, пријатна за носење во секоја сезона, а во исто време и издржлива. Сметам дека кај нас свесноста за производи од органско потекло полека, но сигурно расте, и многумина ќе ги препознаат предностите на живеењето со поглема грижа за природата и за природните ресурси.

Периодот на коронавирусот беше своевиден тест и за одржливоста на онлајн пазарот и проверување на неговата безбедност при купување. Се навикнавме ли да купуваме онлајн, каде ги наоѓаме предностите во купувањето преку екранот?  

– Онлајн купувањето во земјава од година во година бележи раст, токму поради големиот број предности – купување од удобноста на сопствениот дом, или било која друга локација, огромна заштеда на време, повеќе брендови на едно место, едноставно плаќање. Морам да нагласам дека безбедноста на плаќањето и корисничката поддршка се едни од најважните елементи во овој бизнис, па затоа и овој сајт нуди највисоко ниво на безбедност и 24 часовна поддршка за купувачите.

Слични објави

(Фото) Анѓелка Стевиќ Жугиќ во љубовен занес со сопругот – не може да ја сокрие среќата

Еспресо

(Фото) По ослободителната пресуда, Северина се појави во бикини на плажа во Сплит

Еспресо

Кој е поранешниот партнер на Тамара Калиниќ пред бракот со Филип: Три и пол години ја криеше врската, а по раскинувањето го напушти Лондон

Еспресо

Ева Јовановска откри дали се скарале со Миро и зошто престанала да биде дел од „Голден карпет“

apostolova

„Господинот совршен“ по раскинувањето со Маја Шупут рака за рака со згодна русокосата, откри што се случило

Еспресо

(Видео) Скандалозен настап на Десингерица – им ја бричеше косата на обожавателите во Хрватска

Еспресо
Се вчитува....