14:10 - 27 ноември, 2026

(Фото) Драган ја запросил Јована Јеремиќ во Америка? На тоа место Џон Кенеди клекнал пред Џеки Бувие

Водителката се огласи од историско место и ги изненади сите!

Популарната водителка Јована Јеремиќ најави нова епизода од нејзиното реално шоу „Keeping up with JJ“ во кое го посети семејниот дом на Џеки Кенеди Оназис. Јована ги заинтригира своите обожаватели, а многумина мислат дека Драган Станковиќ ја запросил во САД.

– Ме примија во семејната куќа на Џеки Бувие Кенеди Оназис. Утре детална репортажа од 11 часот за Џеки Бувие. Седев и пиев кафе на масата каде Џон Кенеди ја запроси Џеки Бувие – почна Јована, а потоа додаде:

– Што направи Драган на тоа место, ќе дознаете ако го следите „Keeping up with JJ“ – рекла Јеремиќ, а многумина мислат дека Драган ја запросил токму на ова место.

Фото: Принтскрин/ Инстаграм

Инаку, Јована неодамна ја отвори вратата од собата 3327 во познатиот хотел „Њујоркер“, каде почина познатиот научник Никола Тесла.

– Да видам во каква просторија живеел, работел и создавал еден гениј. Човекот кој ја создаде иднината на човештвото, светски научник, еден од најголемите пронаоѓачи во историјата – рече Јеремиќ.

Слични објави

Војаж за првпат сподели заеднички фотографии со свршеницата по раѓањето на детето: Уживаат на зимски одмор во Франција

Е.А.

Го нарекуваат „природен Оземпик“, а го има во речиси секоја кујна — дали овој евтин производ навистина помага при слабеењето?

К.С.

Николина Ковач и Саша Капор за брачните предизвици и семејната хармонија: „Никаде не е идеално…“

Е.А.

(Фото) Ноемвриска распродажба во Wood room – трпезариски и клуб маси, детски плакари, канцелариски столици…

Еспресо

Меки како облак, а не се пржат во масло — рецепт за домашни крофни од рерна

К.С.

(Видео) Владо Јаневски во „Евергрин“ ја запиша својата тајна географија на Скопје

Т.Ц.
Се вчитува....