17:40 - 6 ноември, 2026

(Фото) Џорџина Родригез го изненади Роналдо со скап божиќен подарок: А кој би го одбил ова?

Вереницата на Кристијано Роналдо, модел и танчерка Џорџина Родригез го изненади својот сакан со луксузен божиќен подарок. Родригез на социјалните мрежи објави видео со честитки.

Џорџина Родригез (28) на следбениците на својот Инстаграм профил им покажа како нејзиното семејство го помина Божиќ и го покажа подарокот што го подготви за својот партнер.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Georgina Rodríguez (@georginagio)

Манекенката му подарила на Кристијано Роналдо луксузен автомобил Rolls-Royce Dawn чија цена започнува од 365.000 долари.

Фудбалерот се изненадил кога видел автомобил паркиран пред куќата, украсен со лента за подароци и панделка. Откако славното семејство се провозе со новиот Ролс-Ројс, Роналдо на Инстаграм ѝ се заблагодари на својата сакана.

„Ти благодарам љубов моја“, напиша фудбалерот.

Џорџина Родригез и Кристијано Роналдо се во врска од 2016 година. Фудбалерот и манекенката имаат две заеднички деца: 5-годишната Алана и седуммесечната Бела. Спортистот има уште три деца: 12-годишниот Кристијано Џуниор и 5-годишните близнаци Ева и Матео.

Слични објави

Што открива денот во кој сте родени за вашиот карактер и за вашата судбина според древната астрологија?

Т.Ц.

(Видео) Ацо Пејовиќ откри како го лекува мамурлакот, па призна со кого најмногу сака да пие: „Само Саша Матиќ може да ми парира“

Еспресо

(Видео) Николија првпат проговори за тајната венчавка со Реља: Весна Змијанац не присуствувала на прославата

Еспресо

На овој чоколаден колач со јаболка тешко дека ќе можете да му одолеете – не содржи ни јајца ни млеко

Т.Ц.

Зорица Марковиќ за преживеаната клиничка смрт: „Ја видов белата светлина“

E.A.

Драгана Мирковиќ искрено за својата неостварена желба: „Не можев да имам трето дете, многу страдав“

Еспресо
Се вчитува....