7.8 C
Скопје
12:58 - 22 декември, 2024

(Фото) Џоан Колинс (89) заврши во болница поради штиклите од 15 см, „нема да се откаже од нив“

Не се носат високи потпетии на 89 години или сепак, се носат?„Најсекси актерката на светот“ се повреди поради гламурот.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Joan Collins (@joancollinsdbe)

Тукушто беше прогласена за „најсекси актерка на светот“ за 2022 година од страна на престижното списание „Глам’Маг“ – по избор на читатели победи меѓу 100 номинирани познати жени – 89 годишната англиска глумица Џоан Колинс токму поради високите потпетици број 15 заврши во болница.

Гламур, каква страст! Но и каква болка. Џоан Колинс добро го знае тоа, поради нејзината нескротлива страст за високите потпетици, кои сè уште гордо ги носи на 89 години, но поради кои неодамна заврши во болница со истегнат нерв на ногата. Но, актерката која во култната тв-серија од 80-те години „Династија“ ја глумеше Алексис Колби, мораше да го прекине одморот и да мирува во билницата „Принцес Грејс“ во Монако. Веста за несреќата ја објави самата таа на социјалните мрежи, придружена со фотографија на која позира на јахта. За среќа, престојот во болница бил краток и Колинс повторно е во Сен Тропе, овојпат (но само привремено) без високи потпетици.

инстаграм

Портпаролот на Колинс објасни: „Болката беше мачна, но таа се справи со тоа и сега е добро. На југот на Франција ужива во остатокот од својот годишен одмор“, а потоа додаде „тие стиснати нерви се брутални, тоа е најболното нешто“, но ако се прашувате дали по оваа епизода ѕвездата ќе ги изневери високите потпетици за поудобни чевли грешите: „Ова никако нема да ја спречи во нејзината мода“.

Пред извесно време, Џоан Колинс позирајќи за модното списание „Вог“ изрази презир кон фармерките со овие зборови: „Никој повеќе не се дотерува, сите ќе завршат во фармерки и маици, што мислам дека е трагично“.

Инаку, актерката е сè уште деловно активна и не напразно го носи имиџот на „британска национална институција“, иако стана позната низ светот по нејзините различни ТВ и филмски улоги и по самата гламурозна личност. Таа е сè уште активна авторка, колумнистка и хуманитарка, а од 1983 година е „сопственичка“ на ѕвезда на Булеварот на славните во Холивуд. Во 2015 година, беше прогласена за Дама од кралицата Елизабета Втора за нејзините добротворни ангажмани. Зад себе има пет брака и мајка е на три деца. Годинава пак, по вторпат е прогласена за „најсекси жена во светот“ според списанието „Глам’Маг“во „трка“ со 100 (помлади од неа) жени, а по избор на читателите.

Само неколку минути откако Џоан Колинс беше прогласена за овогодинешна победничка, стана топ тема на социјалните мрежи: „Таа е несомнено убава и стручно ја гради својата кариера надвор од нејзиниот изглед“, напиша еден обожавател, „Џоан Колинс прогласена за „Најсекси жена на светот“; Дали тоа го прави нејзиното ново момче најсреќниот човек на светот?“, се пошегува друг. Најголем ефект од наградата е што британската актерка ќе биде континуирано во печатот во следните неколку месеци. А на пат е и нов документарен филм за глумицата во продукција на Би-би-си.

Инаку, Колинс не само што е добро туку предмалку постираше фотографија на Инстаграм како на одмор се забавува во друштво на Роби Вилијамс.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Joan Collins (@joancollinsdbe)

Слични објави

(Фото) Потресна објава на Милиќ Вукашиновиќ: По ампутацијата на ногата, умирам од болки, дома е хорор

Еспресо

(Фото) Тежок луксуз, облечена во десетици илјади евра: Џина Џиновиќ во Монте Карло рамо до рамо со најбогатите

Еспресо

Хороскоп за 22 декември: Бикот да го направи првиот потег, Скорпијата ја чека изненадување, а вие?

Еспресо

Луна и Марко открија колку заработуваат од Јутјуб: „Доволно за еден луксузен стан во Белград!“

Еспресо

(Фото) Јована Јеремиќ му се обрати на својот татко со низа трогателни пораки: „Сите ќе умреме! Ако ме нема утре, напишав историја“

Еспресо

(Фото) Цеца Ражнатовиќ без грам шминка: Вељко објави приватна фотографија од семејната вила

Еспресо
Се вчитува....