13.8 C
Скопје
16:03 - 28 октомври, 2026

Температури и над 42 степени, голема суша ќе ја зафати Македонија, најавува метеопрогнозерот Славчо Попоски

– И понатаму продолжува долгиот период на стабилно, суво и сончево време со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен и од северозападен правец. Во следниот период поради влијанието на ЕКСТРЕМНО ТОПЛИОТ бран од Африка температурите ќе се искачуваат во интервалот од 35 до 42 степени, додека во централните и во југоисточните предели температурите се очекува да се искачат дури и над 42 степени. Само во недела попладне ќе има услови за ретка појава на краткотрајна нестабилност. Ув – индексот и понатаму ќе има ЕКСТРЕМНО ВИСОКА вредност и ќе изнесува коефициент некаде околу 10, па затоа на граѓаните им советуваме да се заштитуваат од лошото влијание на сонцето, но и да пијат што повеќе течности. Во Скопје и околината времето во следниот период ќе биде стабилно, суво и сончево со мала локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен и од северозападен правец.Само во недела попладне ќе има услови за сосема ретка појава на нестабилност. Температурите ќе бидат ЕКСТРЕМНО ВИСОКИ и ќе се искачат дури до 40 степени. ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Поради ЕКСТРЕМНО ВИСОКИТЕ температури, но и големата суша која ќе ја зафати Македонија во следниот период, препорачуваме да внимавате како се однесувате со природата и да се избегнува движење по шуми, со цел да не дојде до евентуална појава на шумски пожари, вели метео прогнозерот Славчо Попоски.

Слични објави

(Фото) „Моето омилено место“: Мина покажа како Огњен Амиџиќ ужива со децата

Еспресо

(Фото) „Турскиот Бред Пит“ го прослави 43. роденден: Сопругата му упати љубовна честитка

Еспресо

Постојано ви е студено, дури и кога на другите им е топло? Ова се можните причини

К.С.

„Знам дека е оженет, но што сега“: Наташа Беквалац изненади со изјавата за својот колега

Еспресо

Личната готвачка на Новак Ѓоковиќ ги откри тајните на неговата исхрана

Е.А.

Аца Амадеус шокираше со признанието за тетоважите на лицето: „Секоја ми помогна да не убијам некого, а оваа ја направив од стрес“

Е.А.
Се вчитува....