00:17 - 4 ноември, 2026

(Фото) Девојката на Лазар Ристовски отишла „под нож“, еве како изгледа сега

Српската актерка Аница Лазиќ, партнерка на познатиот актер Лазар Ристовски, неодамна привлече големо внимание од јавноста со својата одлука да се подложи на хируршка интервенција. Станува збор за операција на носот, за која Аница отворено и без двоумење зборуваше, нагласувајќи дека зад сè стојат првенствено здравствени причини, но и блага естетска корекција.

Одлуката да се оди на операција не дошла преку ноќ, а актерката објаснила дека клучна улога во сè имал советот од експерт.

Проблемот со девијацијата ѝ предизвикувал тешкотии, па затоа медицинскиот зафат бил најдоброто решение.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by MStudio (@studiomstudio)


„Го оперирав носот. Докторот ми рече дека така е најдобро, имав девијација, но го коригираше малку естетски. Операцијата ја имав неодамна, штотуку ми ги отстранија конците и сè уште се опоравувам“, изјавила Аница за „ПулсОнлајн“ во април и додала дека не престанала да снима поради операцијата, туку продолжила да работи на нови проекти.

Иако процесот на закрепнување од вакви интервенции одзема време, Аница не дозволила тоа да ја забави во нејзините деловни обврски.

„Морам да снимам, па не можам да го сокријам, ниту сакам да го сокријам“, изјавила девојката на  Ристовски.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Anica Lazic (@anicalazicofficial)

Слични објави

„Омразата не смее да биде нормалност“: Тамара Тодевска реагираше на изјавите на Петар Богојески

К.С.

(Видео) Мишо Ковач испратен во Сплит – повеќе од 30.000 луѓе му оддадоа почит, колегите ги пееја неговите песни

Еспресо

(Фото) Борко Ристовски го прослави 44. роденден, Нина му посвети порака за нивната љубов и семејство

К.С.

(Фото) Голема прослава во домот на Тијана Богичевиќ: Цеца веднаш ѝ испрати честитка

Еспресо

„Жената не е ничија сопственост“: Вики Чадиковска остро реагираше на изјавите на Петар Богојески за машкиот надзор

К.С.

Ханка Палдум се прости од Мишо Ковач: „И покрај сите животни предизвици, остана ист, наша легендо, почивај во мир“

Еспресо
Се вчитува....