10.8 C
Скопје
06:01 - 8 септември, 2026

(Фото) Анастасија се огласи за прекрасен повод по тајната венчавка со Немања: Денеска ѝ е посебен ден

Ќерката на српската пејачка Светлана Цеца Ражнатовиќ, Анастасија, се огласи на Инстаграм и упати емотивна честитка до првороденото во семејството Ражнатовиќ, нејзиниот внук Жељко, кој денеска го слави четвртиот роденден.

Таа објави видео колаж од фотографии од малиот Жељко и порача:

„Среќен четврти роденден, љубов на тетка“, напиша Анастасија со емотикони со смешковци и срциња.

Инаку, Жељко е првородениот син на Вељко Ражнатовиќ и неговата сопруга Богдана. Тие имаат уште два сина – Крстан и новороденчето Исаија.

Видеото за роденденските честитки е збирка на прекрасни моменти, во кои се појавуваат Жељко, Анастасија и Немања од нивната тајна венчавка.

Да потсетиме, тајната венчавка на Анастасија Ражнатовиќ и Немања Гудељ привлече големо внимание во јавноста.

Младиот пар, кој се венча минатата година во манастирот Рајиновац, на 28 мај направи граѓанска венчавка во вилата Ражнатовиќ.

По церемонијата, членовите на семејството Ражнатовиќ објавија и фотографии од приватната прослава.

 

 

 

Слични објави

Ана Бекута по 12 години го напушта жирито на „Ѕвездите на Гранд“: Еве кој би можел да ја замени

Еспресо

(Фото) Се омажи пејачката Ева Нединковска: Мајка ѝ сподели детали од свадбата

Еспресо

12 животински знаци, 12 совети: Откријте што сте во кинескиот хороскоп

Еспресо

Српскиот рапер Цоби се ожени во тајност со 17 години помлада пејачка

Еспресо

Важен ден за Димитар Андоновски, пејачот двојно славеше

Еспресо

Јована Јеремиќ најави дует со Јелена Карлеуша: „Ќе се капеме во чоколадо!“

Еспресо
Се вчитува....