12:56 - 9 ноември, 2026

Колешка на Драгана Мирковиќ од искуство ја советува: „Каков Тони, ти треба помлад маж“

40-годишната пејачка Миа Борисављевиќ ја советуваше својата колешка Драгана Мирковиќ, која се разведува од Тони Бијелиќ по 24 години брак, да си најде помлад партнер.

Имено, Миа Борисављевиќ во 2022 година се омажи за колегата Бојан Грујиќ (38) кој е помлад од неа, и со него сега има има две ќерки.

Миа ги коментираше разводите на нејзините колеги Харис Џиновиќ и Драгана Мирковиќ, со што ја изненади, но и многу ја заинтригира јавноста.

– Мислам дека на Драгана дефинитивно ѝ треба помлад човек. Навивам да најде помлад дечко. Мојот сопруг е две години помлад од мене и нашиот брак ни оди одлично. Што се однесува до Харис, не го познавам, па не знам каква жена би му одговарала. Можеби понекогаш не е лошо да се биде малку сам, нема рецепт за успешна врска или брак, особено во денешно време – изјави атрактивната пејачка и истакна дека никогаш не размислувала за развод ниту пак чувствува дека некоја жена се обидува да ѝ се закани на бракот со Грујиќ.

– Никогаш не сум размислувала за развод, но никогаш не се знае. Не треба да живееш со такви мисли, не ми ставајте црви во глава зашто не мислам на тоа. Сега не би се разведувала бидејќи не би била во центарот на вниманието. Се шегувам, секако, никој не се мажи со намера да се разведе. Мислам дека оваа тема е интересна за медиумите во отсуство на подобри теми. На многумина им пропаднаа разводите и не го добија вниманието што го очекуваа. Ако се разведам, ќе ангажирам ПР за да го пласираме тоа што е можно подобро. Секој крај е нов почеток, и не треба да се плаче за минатото – заклучи Миа.

Слични објави

(Видео) „Уште едно нормално саботно попладне“: Сара Мејс покажа како изгледа семејната атмосфера во нивниот дом

К.С.

„Ме нарекуваа селанче и ми се потсмеваа поради фолклорот“: Мирка Васиљевиќ проговори за непријатните искуства од детството

К.С.

Старинска штрудла со кисела зелка и сланина — крцкаво есенско задоволство што мириса на домашна кујна

К.С.

(Фото) Подгответе се за студените денови со стил – погледнете ги најелегантните машки капути во „Капитол“

Еспресо

„Среќна 20-ка, дете љубов мое“: Емотивна роденденска честитка од баба му за Маркијан, синот на Ребека

К.С.

Хороскоп за понеделник, 9 ноември: Младата Месечина носи нови почетоци, некои знаци ќе се соочат со старите емоции

Т.Ц.
Се вчитува....