2.8 C
Скопје
16:24 - 20 декември, 2024

Разговор со Андреа, девојката што ќе ја претставува Македонија на Евровизија 2022

Македонија го доби својот евровизиски преставник, кој ќе се натпреварува оваа година на Евросонг 2022 во Торино, Италија. Тоа е младата и талентирана Андреа со нејзината композиција „Circles“, која беше избрана на синоќешниот избор што го организираше МРТВ во емисијата „Стисни плеј“.

Андреа има 21 година и е апсолутно посветена музичарка, која свесно и со многу љубов го гради својот израз. Разговорот со неа течеше спонтано и она што може да се заклучи е дека таа ја има самодовербата за освојување на интернационалните музички неба. Нејзината музика веќе е прикачена во „светскиот етер“, а музичките блогови за неа велат дека прикажува „соул музика со самодоверба на многу поискусен уметник“. Веќе има дадено многу интервјуа за радија и подкасти, а овој пат нè почести и нас со неколку свои гледишта околу настапот, песната, но и целосната слика за Евровизија.

View this post on Instagram

A post shared by Andrea (@andreamusic20)

Ја прашавме како тргна целата идеја со пријавувањето на овогодишниот натпревар на Евровизија, таа рече:

„Отсекогаш сум сакала да настапувам на голема сцена како што е евровизиската. Тоа не е само можност за вперување на сите очи во мене како изведувач, туку и „камера“ кон Македонија како земја која е полна со млади таленти кои сериозно работат и произведуваат музика“, изјави Андреа за „Слободен печат“.

Песната „Circles“ e направена со продуцентот и композитор Александар Масевски. Кога ја прашавме како настана и која е приказната зад песната, Андреа ни рече:

„Александар е мојот омилен ментор. Со него имавме друга песна која планиравме да ја испратиме на повикот за избор на песна на Евровизија, но откако ја преслушавме втората опција, односно „Circles’, си рековме – тоа е тоа. Оваа песна оди“.

Според Андреа, Масевски е клучниот фактор за изработката на песната.

„Тој е продуцент и човек кој прави сè за да го извади најдоброто од тебе, од твојот глас и сензибилитет, буквално прави песна според човекот кој ја пее“, изјави таа.

Песната на Андреа е во современ стил и е направена токму за емоциите да ја носат, а тежината на текстот да биде во баланс, затоа што како што ни откри таа, оваа песна зборува сама за себе.

„Тоа е приказна од мојот живот, кога ја создавав песната, поминував низ такви кругови на релација со одредени луѓе, и едноставно го преточив тоа во песна“, рече таа.

View this post on Instagram

A post shared by Andrea (@andreamusic20)

Еве како Андреа го замислува својот настап на евровизиската сцена.

Кога би настапила на таа сцена, би сакала да се претставам едноставно, преку минимализам. Мојот глас, мојата песна и стајлинг во темна боја. Идејата ми е да ја донесам песната како што навистина ја чувствувам. Нема правила на Евровизија, а кога веруваш во себе и во својата песна, тоа е доволно, според мене“.

На прашањето како се чувствува периодов откако веќе сите го дознаа нејзиниот музички израз и песна, вели:

„ Нормално е да добивам поддршка, но и многу „хејтерски“ коментари, јасно ми е дека тоа е така кај нас. Она што мене ми е интересно е дека многумина мислат дека сме анонимни, а всушност, ние сме веќе отворени музичари кон светскиот тренд кои прават нова, свежа музика“.

ИЗВОР – Слободенпечат.мк

Слични објави

Оваа земја ќе биде засекогаш исфрлена од Евровизија? Има една причина

Еспресо

Разоткриен просекот на оценките на Јована Јеремиќ од факултет: Сакам да ги нервирам квазиинтелектуалците

Еспресо

(Фото) Голема прослава во домот на Сања Маринковиќ! Огномет го осветли небото, еве кој е поводот

Еспресо

„Се чувствував како несакано дете“: Наташа Беквалац проговори за нејзиниот татко, сакал син, но добил три ќерки

Еспресо

(Видео) Прескап подарок: Ана Николиќ се смири со дечкото и доби скапоцени подароци!

Еспресо

Анџелина Џоли не му дозволува на Бред Пит да се ожени младата Инес

Еспресо
Се вчитува....