08:52 - 12 ноември, 2026

Ердоган: „Утре ќе ги слушнам и Путин и Зеленски. Не за Шведска и Финска во НАТО“

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган најави дека наскоро ќе има телефонски разговор и со лидерот на Москва, Владимир Путин, и со лидерот на Киев, Володимир Зеленски.

Денес претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган, ја изрази својата намера телефонски да ги слушне и рускиот претседател Владимир Путин и украинскиот претседател Володимир Зеленски. Телефонските разговори, како што пренесува Тасс, се очекуваат во понеделник на 30 мај.

Во однос на војната во Украина, Ердоган рече дека има особено внимателен однос кон идните случувања во врска со дијалогот меѓу Москва и Киев.

Во интервјуто за каналот НТВ, пренесува ТАСС, Ероган рече: „Ќе продолжиме да ги повикуваме двете страни да користат дијалог и дипломатија. Ние сонуваме дека оваа војна ќе заврши што е можно поскоро, но се чини дека настаните се развиваат негативно со секој изминат ден “.

Ергодан ја искористи можноста и да повторни дека Турција силно се противи за влезот на Шведска и Финска во НАТО.

Претседател на Турција повтори дека двете скандинавски земји се „поддржувачи на тероризмот“ на ПКК, курдската сепаратистичка партија со која Владата на Турција се бори со години.

Кремљ го потврди разговорот Путин-Ердоган

Што се однесува до разговорот што го соопштува Ердоган, веста ја потврди и рускиот претседател Владимир Путин.

Кремљ во официјална нота го објави планирањето на телефонскиот разговор што ќе се одржи во понеделник на 30 мај меѓу двајцата лидери.

Слични објави

Дневен хороскоп за 12 ноември: Пред да прифатите нов договор, проверете дали условите се навистина онакви какви што очекувате

apostolova

Се разбудивте со главоболка? Еве што открива науката за причините и кога треба да побарате помош

К.С.

Ѓоле Ѓогани за почетоците со Слаѓа Делибашиќ: „Не ни помислив дека ќе ми биде сопруга, а од татко ѝ се препортував“

Е.А.

Слобода Миќаловиќ за тајната на 17-годишниот брак со Војин Ќетковиќ: „Луѓето денес го изгубија смислот за љубов, приматот го зедоа парите и социјалните мрежи“

Е.А.

Битка за вилата вредна 1,7 милиони евра – Николина Пишек мора да му исплати стотици илјади евра на свекорот Миша Гроф

Еспресо

(Фото) Семејно бегство на северот на Европа: Жељко Бебек со сопругата и ќерката во посебна авантура

Еспресо
Се вчитува....