19.5 C
Скопје
01:03 - 13 јули, 2026

Емотивна историја на балконот на Бакингемската палата, еве зошто на кралицата Елизабета ѝ е толку важен јубилејот

Токму балконот ја раскажува приказната за британската круна. Погледот од балканот кој се наоѓа на источниот дел од Бекингемската палата ќе биде еден од клучните моменти на одбележувањето на јубилејот на кралицата Елизабета. Момент (и слика) кој има долга историја.

Поминаа речиси 90 години откако малата принцеза Елизабета првпат се појави на балконот на Бакингемската палата, со емотивна насмевка на лицето додека гледаше во толпата долу, по повод сребрениот јубилеј на нејзиниот дедо, Џорџ V.

Оваа недела таа ќе се појави наистиот тој балкон за ја го прослави своето 70 годишно владеење на тронот. Поздравот од источниот дел на палатата е централниот дел на најважните прослави во Обединетото Кралство, од крунисување до свадби, од претставување на наследниците до јубилеи. Балконот е секогаш повод за нова официјална фотографија, на која кралското семејство се покажува пред својот народ и пред светот.

Многу емотивни моменти минале низ овој балкон овековечени во фотографии. Тоа се некои од најважните моменти во животот на Елизабета Втора. Во британската архива поврзана со фотографиите за славниот балкон има и фотографија со една млада принцеза (идната кралица) која носеше воената униформа заедно со Винстон Черчил за да го прослави крајот на Втората светска војна, но и фотографија со круна и облечена во кралска облека осум години подоцна фотграфирана на истиот балкон за да ги поздрави луѓето кои се собраа да го прослават нејзиното крунисување.

И годинава за порславата на јубилејот на кралицата – балконот ќе си го има своето почесно место, а за сега се знае дека Меган Маркл и принцот Хари нема да бидат дел од новата фотографија.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by The Royal Family (@theroyalfamily)

Кој ја започна традицијата?

Како што е случај и со многу други кралски обичаи, оваа традиција ја започнала кралицата Викторија.

За време на прославите на отворањето на Големата изложба во 1851 година, таа беше првиот монарх што го искористи балконот како начин да ги поздрави своите поданици.

Седум години подоцна, таа исто така го поттикнала семејството да излезе на балконот за да ја поздрави толпата што се собрала на свадбата на нејзината ќерка, принцезата Викторија, и така оттогаш се родила легендарната кралска традиција.

 

 

Слични објави

Елена Велеска жедта ја гасне со коктели и шармира во црвен костим за капење

Еспресо

(Фото) Ова е луксузниот стан на Марија Шерифовиќ – се наоѓа во елитниот дел од Белград, први соседи ѝ се Новак Ѓоковиќ и Милица Тодоровиќ

Еспресо

(Фото) Ирина Дишо и Павле Камилоски на Галичка свадба: „Таа е мостот што ги поврзува минатото и иднината“

Еспресо

„Блеска, заљубена е…“: Милица Павловиќ проговори за љубовната врска на Џејла Рамовиќ

Еспресо

„Прагма“ ви ја претставува новата колекција – совршени свечени фустани за сечиј вкус

Еспресо

(Фото) Не се знае која е поубава! Српската актерка Слобода Миќаловиќ со сестрите на ноќна забава

Еспресо
Се вчитува....