14.8 C
Скопје
01:15 - 23 октомври, 2026

Елен Баркин, поранешната девојка на Џони Деп призна дека ја дрогирал пред сексуалниот чин

Сведочењето кое не беше објавено на судењето на Деп-Херд конечно излезе на виделина. Во своето сведочење, актерката Елен Баркин ја коментира врската со Деп.

Во видеото, Баркин коментира дека на почетокот мислела дека Џони Деп е многу шармантен, но со текот на времето сфатила дека Деп гледа со презир на луѓето за кои сметал дека се „под него“.

Она што најмногу ја шокираше јавноста е изјавата на Елен Баркин во која таа изјави дека Деп за време на нивниот прв полов однос и дал одреден вид дрога наречена квалуде (Quaalude).

Баркин и Деп се запознале во деведесеттите и биле блиски 10 години. Тие глумеле заедно во филмот „Страв и омраза во Лас Вегас“.

Нивната врска завршила кога Деп ја гаѓал со шише вино. Како што и самата вели, не била изненадена, бидејќи како што тврди „бил насилен“.

Баркин исто така опишала дека односот на Деп кон неа бил толку лош што, откако раскинале, нејзиниот брат не му дозвоил да седне на нивната маса кога се сретнале во ресторан.

Кога поротата за време на судењето ја прашала дали нивната врска станала романтична, Баркин со насмевка рекла дека тоа се случило во 1994 година кога таа се преселила во Холивуд. Вели дека пријателството преминало од „платонско во романтично“, а потоа побарала да се поправи записот.

„Можете ли да го промените тоа во „сексуално“?, рекла.

Како што и самата рекла, врската траела неколку месеци кога таа одела кај него или тој доаѓал кај неа три-четири пати неделно. Рекла и дека најчесто бил пијан и дека најмногу сакал да пие црвено вино.

Баркин повеќепати го видела како користи кокаин, марихуана и халуциногени дроги. Еден од адвокатите на неговата поранешна сопруга Херд ја прашал: „Дали Деп се однесувал на начин што бил надвор од контрола?“

„Да. Г. Деп фрли шише вино преку хотелската соба во Лас Вегас додека го снимаше филмот „Страв и омраза во Лас Вегас“. Во тек беше расправија меѓу Џони Деп и неговите пријатели во собата, како и еден асистент“, одговорила актерката.

Таа истакнала дека, по раскинувањето со Деп, повеќе не се ни слушнала со него, но и дека во текот на нивната врска имало многу љубоморни испади од негова страна.

„Тој е љубоморен човек, контролира, каде одиш, со кого одиш. Што правеше синоќа? Еднаш имав гребаница на грбот која многу го налути бидејќи инсистираше дека е последица од секс со друго лице“, рече таа.

Слични објави

„Комшилук“ освои европска награда за „Травијата во три чина“

Еспресо

(Фото) Наташа Беквалац во бело од глава до пети – позираше во корсет со необичен крој и панталони што ја издолжуваат силуетата

Еспресо

Се огласи Весна Змијанац по тајната венчавка на Николија и Реља – пејачката беше преплавена од емоции

Еспресо

Рада Манојловиќ првпат проговори за гласините дека купила стан и автомобил

Еспресо

(Фото) Игор Џамбазов ја гризе Ивана Кнез за стапалото: „Животот е поубав од филм, ако умееш да го живееш“

К.С.

(Видео) Објавена снимка од тајната венчавка на Николијa и Реља: Заводливо танцуваа, а пејачката блескаше во елегантна венчаница

apostolova
Се вчитува....