14:28 - 4 април, 2026

Ексклузивна метеопрогноза од Славчо Попоски за ова лето: Детална анализа за времето во летните денови

– Претстојното лето во Македонија барем според најновите метео анализи нема да донесе некоја екстремна топлина и екстремно топли Африкански бранови. Напротив, температурите ќе бидат пониски за разлика од изминатото лето кога имавме чести и екстремно топли Африкански бранови и истите се задржуваа кај нас многу долго.

Оваа година во текот на летните месеци ќе има почести врнежи и циклонски активности. Очекуваме чести поројни врнежи од дожд, грмежи и силен ветер, а можни се и локални поројни ПОПЛАВИ.

Исто така во Македонија ова лето очекуваме и почести невремиња со појава на град и на силни електрични празнења (громови)Можни се и штети поради временските непогоди кои се очекуваат. Температурите во најтоплите централни и југоисточни предели не би требало да надминуваат 40 степени, и ваквите температури ќе бидат поретки оваа година.

Во останатите предели од државава ќе биде посвежо.

НАПОМЕНА: Со оглед на тоа дека се работи за долгорочно анализирање на времето, промени во оваа анлиза се можни. Граѓаните најдобро е да ги следат нашите пократкорочни метео анализи и истите се далеку попрецизни.

Летото кое е пред нас и кое ќе биде со пониски температури од изминатото лето се должи на ладењето на Атмосферата во Европа. Истото е поврзано со глобалното затоплување и топењето на мразот на Антарктикот, топењето на мразот на Антарктикот ја лади и ги намалува температурите во Европа и на Балканот – објаснува метеопрогнозерот Славчо Попоски. 

За нови, детални и по потреба обновени метео информации, следете го официјалниот фејсбук профил на Славчо Попоски тука!

Слични објави

Почнува летната забава во Црна Гора! Пријовиќ ќе заработи 80.000 евра по вечер, а и Аца Лукас и Јаков Јозиновиќ ќе се опарат

Еспресо

Јаков Јозиновиќ го сруши рекордот на Чола – не запира, најави нови концерти во Белград!

К.С.

Хороскоп за 4 април: Биковите освојуваат од старт, Овните имаат сè

Еспресо

(Фото) Сања Вучиќ го покажа своето момче, нивната голема љубов е очигледна

Еспресо

(Фото) Го покажа трудничкиот стомак во чипкан градник и гаќички – Едита заводливо позира во 6-иот месец од бременоста

Еспресо

„Двоен празник, добро во лошо“: Ела Дворник откри необичен договор за децата по разводот со Чарлс

Еспресо
Се вчитува....