05:58 - 21 декември, 2024

Дознајте кој хороскопски знак е вашата сродна душа!

Љубовта понекогаш функционира на мистериозни начини или едноставно во склад со ѕвездите. Одредени хороскопски знаци се покомпатибилни со други и доколку ве интересира кој знак би можело да биде ваш идеален партнер, астрологијата би можела да ви даде одговор.

За полесно да го пронајдете идеалниот партнер, Pop Sugar ја контактирале Атена Перакис, основач и извршен директор на Sage Goddess која објаснила дека тоа што некој има ист знак како вашиот, не мора да значи дека ќе ви одговара како личност.

„Во партнерите бараме дополнување, а не копии од себе. Интуитивно бараме луѓе кои можат да ги пополнат нашите празнини или да бидат јин на нашиот јанг, иако пак преголемата разлика може да направи конфликт“, рекла таа.

ОВЕН

Најмногу одговара со: Лав, Стрелец.

Потребата на Овенот за авантура најдобро ќе ги поврзе со Лавовите и Стрелците, другите огнени хороскопски знаци кои го разбираат огнениот темперамент на Овните. Вагата пак од друга страна е потполно спротивен знак од Овенот, а и останатите воздушни знаци кои карактеризираат комуникативност – ги фрустрфираат Овните кои не сакаат многу да зборат, туку да работат. Во врските Овенот најмногу се плаши од губење на независноста.

БИК

Најмногу одговара со: Девица, Јарец, Вага.

Бикот кој е секогаш отворен за убавина, добар вкус и удобност, најдобро ќе се согласува со земјените знаци, Девица и Јарец, кои исто така се препуштаат на сетилното уживање. Вагата и Бикот, со кои владее Венера, се добар пар за делење страсти спрема уметноста. Биковите, кои многу се потпираат на себе, понекогаш се плашат од врзување за некој.

БЛИЗНАЦИ

Најмногу одговара со: Вага, Водолија, Лав.

На Близнаците многу ќе им одговараат другите воздушни знаци како што се Вагата и Видолијата, кои може да ги издржат нивните интелектуални потфати и да се препуштат на нивната љубов спрема добриот разговор. Близнаците одлично се согласуваат и со Лавовите, но не и со водните знаци  – Риби, Скорпија и Рак, кои сакаат повеќе да овозможат длабока физичка и емотивна врска.

РАК

Најмногу одговара со: Риби, Рак, Скорпија.

Спрема Раковите мора да се однесувате со големо внимание, бидејќи се многу чувствителни и најлесно е да ги повредите, а многу други знаци се премногу груби за нежната душа на Раковите. Раковите добро се согласуваат со останатите водни знаци, особено со имагинативните и исполнети со љубов Риби кои нема да се воздржат да заплакаат и да се соживеат со Ракот. Јарецот кој е спротивност од Ракот, може да му пружи подршка, сигурност и потпора, но не спаѓа во партнери со полно емпатија.

ЛАВ

Најмногу одговара со: Овен, Стрелец.

Лавот ужива во помислата дека сите го сакаат, но не може секој да се сноси со огнената природа на Лавот. Лавовите добро се согласуваат со Овните и Стрелците, останатите огнени знаци, кои се подеднакво темпераментни и бестрашни, и не се воздржуваат од пружање на искрена повратна информација која им е потребна на Лавовите. Лавовите истовремено ги инспирираат сите други, но и земаат многу енергија од другите. Партнерството на два Лава претставува постојана борба за „круната“.

ДЕВИЦА

Најмногу одговара со: Јарец, Бик.

Девиците не толерираат драми и љубовта ја покажуваат преку постапки. Нивната практична природа добро се совпаѓа со знаците кои не внесуваат драма, како што се останатите земјени знаци, Јарецот и Бикот. Тие бараат партери кои ќе работат подеднакво напорно, иако никој не работи повеќе од Девиците. Огнените знаци може да го зачинат животот на Девиците, но нивната непредвидливост и недостатокот на обрнување внимание на деталите, може да ја направат Девицата нервозна.

ВАГА

Најмногу одговара со: Близнаци, Водолија.

Вагите со скоро сите се согласуваат одлично, бидејќи се исклучително прилагодливи кон сите хороскопски знаци. Овој друштвен и интелектуален знак ужива во друштво на зборлестите Близнаци и иновативните Водолии. Вагата сака паметен, сталожен и атрактивен партнер, така што знаците кои се емотивно нестабилни како Ракот и Скорпиите, претставуваат ризик. Огнените знаци – Овен, Лав и Стрелец се одличен извор на инспирација за Вагите. Ваготе имаат аверзија спрема конфликти и се плашат од нарушување на мирот.

СКОРПИЈА

Најмногу одговара со: Рак, Риби, Јарец, Бик.

Скорпиите никогаш не се задоволни со површинска слика и секогаш се трудат да ископаат под површината. Со силен сексуален и емоционален нагон, Скорпиите имаат потреба од некој со желба и издржливост. Добро се согласуваат со водените знаци, Рак и Риби, кои ја разбираат нивната посебна врста на љубов во која се раѓаат длабоки чувства и се манифестираат на многу различни начини. Скорпиите се многу посветени и веројатни би се почувствувале издадени, доколку покрај себе ги имаат летачките Близнаци или залутаните Стрелци. Јарците и Биковите може да се покажат како фантастични љубовници.

СТРЕЛЦИ

Најмногу одговара со: Овен, Лав, Близнаци.

Стрелците се луталици. Ја сакаат слободата и секогаш се вртат кон наредната најдобра работа. Другите огнени знаци – Овен и Лав, може да ги пратат во таа потрага, делејќи ги со нив заносот и страста за живот. Не заботравајте дека не се сите кои лутаат воедно и изгубени. Стрелецот не може да поднесе партнер кои сака да го контролира, промени или поправи како што се Скорпиите, Девиците и Јарците. На Стрелецот му е потребен некој кој со него ќе истражува и ќе се забавува, како што се Близнаците и Овните. Стрелецот е тешко да се скроти, како физички, така и ментално.

ЈАРЕЦ

Најмногу одговара со: Бик, Девица, Рак.

Јарецот добро се согласува со сите кои животот го сфаќаат сериозно и сакаат да напредуваат. Бикот е најдобар кандидат, но Девицата исто така го инспирира Јарецот со работната етика. Лавот пак од друга страна, го инспирира Јарецот за да преземе ризици, но истовремено и го плаши. Ракот и Јарецот се надополнуваат, бидејќи ги делат истите традиционални погледи кон романтиката и семејството. Јарците, кои се многу одговорни, не ги трпат импулсивните Овни и егоцентричните Лавови.

ВОДОЛИЈА

Најмногу одговара со: Вага, Близнаци, Овен, Стрелец, Лав.

Водолијата не трпи ограничувања и забрани, така што најдобро функционира со партнери кои се со отворени гледишта како Вагата и Близнаците. Овенот и Стрелецот исто така може да ја мотивираат Водолијата да ги следи во нивните совршени идеи. Водените знаци емотивно ја гушат Водолијата која сака и одредена дистанца кога е во прашање интимноста.

РИБИ

Најмногу одговара со: Рак, Скорпија.

Потребата на Рибите за емотивна компатибилност значи дека сродната душа ќе ја пронајдат во Ракот или Скорпијата, водените знаци кои ги разбираат нивните емоционални потреби и лесно можат да ги исполнат. Девицата е спротивен знак од Рибире и иако земјените знаци ќе ја осигураат стабилноста на Рибите, исто така може да направат тие да се почувствуваат осамено или тажно поради својата неспособност да ги изразат длабоките емоции. Рибите се исклучително чувствителни на енергијата околу себе, а огнените знаци – Овен, Лав и Стрелец, многу тешко може да ги примат.

Слични објави

„Јас не можам да пеам!“: Јелена Розга ги одложи концертите во Белград поради трагедијата во Загреб

Еспресо

(Фото) Деколтето во преден план: Данијела Димитровска „пука“ од сексапил во целосно бела комбинација

Еспресо

(Фото) Чантата на Јелена Томашевиќ вреди колку зимување на Копаоник: Сите зборуваат за ова модно парче

Еспресо

(Фото) Поранешниот сопруг на Драгана Мирковиќ ужива за сите пари: Чаша бело вино и нереална глетка на убава дестинација

Еспресо

По раскинувањето со Зоран Марјановиќ, Инди откри валкани детали за поранешниот: „Манипулатор кој ми го испра мозокот“

Еспресо

Оваа земја ќе биде засекогаш исфрлена од Евровизија? Има една причина

Еспресо
Се вчитува....