03:10 - 7 ноември, 2026

Докторот на Амбер Херд тврди во судницата: „Повредата на прстот не е од шише вотка, туку од врата на автомобил“

Продолжи судењето меѓу Џони Деп и Амбер Херд во Вирџинија. Вчера, д-р Роџер Мур, експерт за правниот тим на Херд, се огласи. Докторот бил повикан да пријави за инцидентот во кој Џони Деп изгубил дел од прстот. Актерот тврди дека се пресекол затоа што поранешната сопруга му фрлила шише вотка, додека таа вели дека се повредил со телефон.

Според д-р Мур, идејата дека прстот на Деп бил отсечен со шише „не е компатибилен“ со доказите за опишаниот тип на повреда. Д-р Мур објасни дека нема рани на задниот дел од прстот, ниту на задниот дел од раката.

Д-р Мур потоа извести дека не може повредата да настанала како што тврди Деп објаснувајќи: „Во таа положба, ако шишето удрило во прстот, би удрило во ноктот и немало да се повреди. Ова не е во согласност со тој тип на повреда“.

На судиите им беа прикажани грагички фотографии од повредениот прст на Деп и рендгенски снимки кои, според д-р Мур, повредата може да биде предизвикана од прст заглавен во лизгачка врата или врата од автомобилот.

Запрашан дали описот на Деп за инцидентот е компатибилен со фотографските докази, д-р Мур објасни кратко и јасно -„ не“.

Деп рече дека шишето „експлодирало“ откако го удрило во раката, но отсуството рани од стакло на неговата рака сугерира дека тоа не било. Д-р Мур додаде: „Оваа рана не изгледа како рана од стакло“.

Адвокатот на Деп, Камила Васкез, потоа го испраша д-р Мур: „Не можете ли да одредите кој предмет ја предизвикал повредата на неговиот прст?“ А Д-р Мур ѝ одговори: „Не можам да одредам за каков предмет станува збор. Можам со сигурност да кажам дека опишаниот предмет (шишето) не беше компатибилен …“.

Слични објави

(Фото) Синот на Пеце од „Суперхикс“ наполни 18 години: „Те сака една будала од татко. Засекогаш!“

К.С.

Мина Костиќ е обвинета за кражба на облека во трговски центар – пејачката веднаш се огласи

Еспресо

(Фото) Миа Костова за промените во тежината: „Во короната качив 20 килограми, денес ја одржувам истата тежина веќе четири години“

К.С.

(Фото) Синот на Лепа Брена не ја крие девојката: Александра во мини-фустан привлече внимание на семејна прослава

Еспресо

(Видео) Јелена Спенџарска ужива во Бугарија — се капеше во студен базен среде ноември и се пошегува на своја сметка

К.С.

Што открива денот во кој сте родени за вашиот карактер и за вашата судбина според древната астрологија?

Т.Ц.
Се вчитува....