3.8 C
Скопје
23:51 - 10 март, 2026

Дневникот на Амбер Херд потврдува насилство врз Деп: „Жал ми е што те повредувам!“

Последните новости од судењето Џони Дип против Амбер Херд се чини дека потврдуваат дека, без разлика дали Џони Деп имал или не насилнички ставови, актерката од Аквамен неколку пати физички го малтретирала својот поранешен сопруг: доказите, во таа смисла, се претставени преку речениците напишани во нивниот заеднички дневник.

Еден вид исповед на Херд, која после епизодата со измет во креветот на Џони Деп, се извинувала на страниците на Дневникот. Дневникот пак, сега се користи како доказ од страна на адвокатите на нејзиниот поранешен сопруг.

„Жал ми е што те повредив. Луда сум што не си дојде дома минатата ноќ кога бев овде.Но, тоа не е оправдување за да те повредим. Ти си последната личност на светот која го заслужува тоа“, пишува во дневникот Амбер Херд, под псевдонимот Слим. „Љубов моја. Зошто се караме? Зошто? Те сакам повеќе од било што друго. Не можев да си го замислам животот без тебе. Те сакам. Ќе се однесувам подобро, извини. […]. Ќе се обидам да поправам сè. Дозволи ми да се обидам да го поправам сето тоа. Да ги поставам работите во ред. Ти го заслужуваш тоа. Мразам кога се караме. Мразам да те повредувам. Те сакам” пишува во друга порака во Дневникот напишана од Амбер, за време на бракот.

Фрази кои оставаат малку простор за други толкувања, а кои очигледно ќе имаат своја тежина во општата слика на целата приказна.

Слични објави

За што навистина фантазира вашиот партнер? Откријте што го возбудува и внесете нова искра во врската

Еспресо

Јована Јеремиќ ослабе 6 килограми, па ја откри тајната: „Едно нешто е забрането“

Еспресо

(Фото) Разгледница од семејството Ражнатовиќ од Русија: Вељко позираше со Богданa и нивните три синови

Еспресо

10 митови за алергиите на полен: Помага ли медот, престојот на море, заклучувањето дома…?

Еспресо

Што се случува во мозокот на оние кои не можат да ја преболат загубата на саканата личност

Еспресо

Поднесена кривична пријава против човекот што донесе јагне на настапот на Десингерица: Обвинет е за злоставување животни

Еспресо
Се вчитува....