10:25 - 13 ноември, 2026

Славчо Попоски најавува: Температури до 35, доаѓа силен африкански бран, еве кога!

– Денес времето во Македонија ќе биде променливо облачно и малку посвежо за разлика од вчера со повремени локални врнежи од дожд. Локално ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи. На повеќе места ќе дува и засилен ветер од северен правец. Температурите ќе се искачуваат во интервалот од 18 до 27 степени. Во Скопје и околината времето ќе биде променливо облачно со засилен ветер од северен правец. Ќе има услови и за повремен локален дожд проследен со ретки грмежи. Максималната температура ќе се искачи до околу 24 степени, вели Попоски

Според метео прогнозерот утре и понатаму ќе се задржи посвежото време, а особено свежо ќе биде наутро кога минималните температури ќе се спуштаат во интервалот од само 2 до 10 степени. Максималните дневни пак ќе бидат без поголеми промени и ќе се искачуваат во интервалот од 19 до 27 степени. Исто така од утре до сабота времето ќе биде претежно стабилно, суво и сончево, а услови за поладневна локална нестабилност ќе има во недела. Што се однесува до температурите тие од петок па за време на викендот повторно ќе бележат тенденција на ГОЛЕМ ПОРАСТ,и тоа поради влијанието на МНОГУ ТОПЛАТА воздушна маса која ќе продре од северните предели на Африка кон нашата држава, и за викендот истите ќе се искачуваат во интервалот од 27 до 35 степени.

Слични објави

(Фото) Секој ден патувал од Дојран до Гевгелија за да ја види — Игор Џамбазов раскажа како ја вдомил Ферхунде

К.С.

Мек колач за попладневното кафе — рецепт за куглоф со ванила и путер

К.С.

Дневен хороскоп за 13 ноември: Не ветувате повеќе отколку што можете да исполните

apostolova

Петок 13. по третпат годинава — како еден обичен датум стана симбол на лоша среќа?

К.С.

(Фото) За ваква „бомба“ вреди да се даде илјадници евра: Сопругата на Пеѓа Јовановиќ доби подарок за кој многу жени сонуваат

Еспресо

„Покрај сопругата имам и љубовница“: Миле Китиќ јавно призна дека ја изневерува сопругата Марта Савиќ

Еспресо
Се вчитува....