-0.2 C
Скопје
00:21 - 19 декември, 2024

Дневен хороскоп за 28 април: Прочитајте што ве очекува овој вторник!

Овен

Очекувате да ви јави некој Бик или некој Рак но не сте сигурни дали тоа ќе се случи, особено ако треба да се договорите со некој кој е прилично тврдоглав. Имате начин да убедите некоја Вага или Риба да го прифатат вашиот предлог кој се однесува на работа со странци. На некој му е многу важно да ве има во неговиот тим.

Бик

Имате прилика да се смирите со некој кон не бил со вас фер или да воспоставите добра комуникација со некој кој во иднина може да биде ваш добар соработник. Не би требало да се нервирате поради некој кој не го заслужува вашето внимание и услуга. Внимателно со парите, премногу се расфрлате.

Близнаци

Овој период ви носи многу нови можности на деловен план само ако бидете максимално прецизни во своите барања и ако разговорите ги обавувате во четири очи. Една Вага и Лав ќе се обидат да ве наговорат на заеднички проект. Обидете се да бидете максимално смирени во некоја напорна ситуација.

Рак

Ќе бидете многу ангажирани. Ве очекуваат некои непредвидени настани, промена на планови и желби и голема динамика ќе ви го исполни денот, но не може да се рече дека тешко ќе се снаоѓате. Покрај тоа до вас се пријателите кои во вистинскиот момент ќе ви помогнат. Во љубовта задоволни ќе бидат само оние кои се наоѓаат во сериозни врски.

Лав

Ве зафатил бран на позитивна енергија. Работното темпо значително ќе ви се забрза па ќе ви биде потребно многу дисциплина и напор за да можете на обврските адекватно да одговорите. Притисокот и тензијата ќе се зголеми и не ќе бидете во состојба да ги решите некои клучи работи иако на тоа многу ќе се ангажирате.

Девица

Одговорните и самокритични треба да се подготват за напорен ден. Ве очекуваат предизивици, обврски а заслугите ќе бидат занемарени. Ако се земе во обзир вашата наклонетост да се грижите премногу и да ги преувеличувате работите, овој ден може да биде многу стресен за вас.

Вага

Ќе имате идеја како да ги решите проблемите во работата кои ги имате со некој Јарец или Шкорпија. Би требало да бидете во добри односи со Рибите. Чувствувате дека е потребно да промените нешто во својот став кон блиските соработници. Не дозволувајте гневот да го надвладее разумот.

Скорпија

Ви доаѓа нова енергија која ќе ви помогне во пребродувањето на тешкотиите на кои ќе наидете. Ќе бидете свесни за својата сила и ќе имате волја за да издржите во реализирањето на вашите оргинални идеи, иако околината тешко ќе ги прифати. Не чекајте туку веднаш почнете со уверувањето на вашите колеги за вашата генијалност.

Стрелец

Ќе почуствувате силна мотивација и желба да реализирате некоја улога или работни цели. Многу е важно да можете да креирате нова работна ситуација која паралелно ги исполнува вашите духовни интереси и ви носи важна материјална корист. Нема потреба да се однесувате театрално во друштво на вашата сакана личност.

Јарец

Ќе бидете одлично расположени и полни со енергија. Неопходно е да ја потрошите, но правилно. Не дозволувајте овој ден да го поминете во домашна атмосфера. Ви препорачуваме повеќе движење, средби со пријатели и забава. Денот е поволен и за работи поврзани со вложување во интелектуален напор.

Водолија

Некои претставници на овој знак ќе посакаат во работната околина или во самиот процес на работа да внесат некои новини за што денот е доста погоден. Можеби ќе имате и некој помал успех во работата кој нема многу да ви значи, бидејќи ќе биде резултат на тимска работа. Водолиите од третата декада ќе бидат во нешто подобро расположение од другите претставници.

Риби

Ве очекуваат некои помали неприлики. Ќе бидете немирни и чуствителни, па најповеќе внимание ќе треба да обрнувате на вашето здравје. Ако почуствувате зголемена потреба да промените нешто добро размислете, бидејќи промените нема да ви бидат поволни.

Слични објави

(Фото) Вељко Ражнатовиќ објави досега невидена семејна фотографија: Синот Жељко позира со стегнати мускули

Еспресо

(Фото) Иван Јованов воодушеви со празнична фотосесија со својата ќерка Ниа

Еспресо

Бресквица конечно откри како го добила прекарот: За сѐ била виновна една личност

Еспресо

(Видео) Цеца откри какви ѝ се плановите за Нова година, а нејзиниот коментар ги насмеа сите

Еспресо

(Видео) Светлечки ирваси и „ледена“ завеса: Домот на Карлеуша секогаш е еден од најубаво украсените

Еспресо

Интервју со проф. д-р Гордана Адамова, експерт по перинатологија: Вештачката интелигенција е од помош, но експертот го има последниот збор

Еспресо
Се вчитува....