3.8 C
Скопје
20:07 - 20 декември, 2024

Дивата Ана Нетребко оштетена поради Путин: „Не сум експерт за политика, а да ја осудам Русија не е праведно!“

Ана Нетребко е светски позната сопранистка, ѕвезда на руската опера, пријателка на Путин од кого прими неколку почесни награди, а се смета за последна дива на мелодрамата поради нејзините пејачки способности кои ја донесоа во големите театри низ светот се до миланската Скала. Незаборавен е нејзиниот дует со Андреа Бочели.

Таа никогаш не ја отфрли својата поддршка за Путин, а поради оваа причина, со почетокот на војната во Украина, договорот на оперската дива и Њујоршкиот митрополитен беше прекинат. Фото – инстаграм

Приказната за Ана Нетребко, како онаа на Марија Калас, наликува на бајка со среќен крај. Иако во овој случај допрва треба да се пишува крајот. Ана Нетребко уште долго ќе биде на врвот на оперската сцена.

Руската сопранистка е жена со талент и храброст. Талентот го искористи за да се пробие во светот на операта, а храброста за справувањето со болеста на нејзиниот син кој има аутизам.

Го негува својот изглед на дива – вртоглаво високите потпетици, раскошни фустани и широка насмевка зад која се крие голема чувствителност која е очигледна секогаш кога е на сцена. Ана Нетребко денес е апсолутна кралица на операта.

Ана Јуревна Нетрекбо е родена во Краснодар, јужна Русија, на 18 септември 1971 година. Страсна за пеење уште од детството, таа се преселила во Санкт Петербург на многу млада возраст, каде што за да ги плати студиите по музика, нашла работа во Друштвото за чистење на „Опера Киров“, најпрестижниот градски театар. Тука ја забележал Валери Гергиев, диригент, кој импресиониран од нејзините вокални квалитети ја натерал да ги остави метлата и лопатчето и ја лансирал на сцената со улогата на Сузана во „Бракот на Фигаро“. Тоа било во 1994 година и тогаш официјално започна кариерата на Ана Нетрекбо како оперска пејачка.

Турнејата во Соединетите Американски Држави и низата настапи во кои постепено и се доверуваа се поважни улоги, ја направија славна низ целиот свет. За неколку години одржа концерти во главните театри на планетата, од Кралската опера до Скала и Метрополитен.

Меѓу омилените партнери на Ана Нетребко е Роландо Вилазон: со него таа доби огромно признание и за успешниот албум „Дуети“ и за некои оперски претстави како „Ромео и Јулија“ и „Травијата“. Нетребко, повеќекратно е наградена од претседателот Путин, но кога во 2006 година побара автсриско државјанаство – и го доби, имаше тешки моменти во својата родна земја.

Приватен живот

Во младоста физичката привлечност, освен талентот, беше една од тајните на нејзината успешност, но подоцна откако наталожи повеќе килограми докажа дека талентот е тој кој ги наполни театрите и продаде милиони, дека токму талентот е на прво место.

Во приватниот живот, оперската пејачка имаше двајца сопрузи и еден син.

Првиот сопруг на дивата беше уругвајскиот баритон Ервин Шрот, со кој се ожени во април 2008 година. Врската траеше неколку години, пред двајцата официјално да одредат нејзин крај во 2013 година.

На 5 септември 2008 година, Тиаго Аруа, единственото дете на парот, се роди во Виена. Поради тоа што е аутистичен, никогаш не се одвојувал од мајка му која го носи секаде со неа. Момченцето и по разводот и беше доверено исклучиво на Ана.

Не губеше време повторно да се омажи. Партнер на убавата сопран стана азербејџанскиот тенор Јусиф Ејвазов. Се венчаа на 20 декември 2015 година со раскошна церемонија во палатата Кобург во Виена, пред 180 гости.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Petr Dyrc (@petr.dyrc)

Проблеми поради врската со Путин

Таа никогаш не ја отфрли својата поддршка за Путин, а поради оваа причина, со почетокот на војната во Украина, договорот на оперската дива и Њујоршкиот митрополитен беше прекинат. Тоа важи за оваа и за следната сезона. Ова со соопштение го соопшти престижниот театар.
„Тоа е голема уметничка загуба. Ана е една од најголемите пејачки во историјата, но со тоа што Путин уби невини жртви во Украина, немаше начин да се продолжи понатаму нашата соработка“ рече генералниот директор Питер Гелб.

По раскинувањето на договорот, оперската дива веднаш ја осуди инвазијата, но не и напаѓачот, нагласувајќи дека е против оние кои ги принудуваат уметниците да заземат страна.

„Јас сум против оваа војна. Јас сум Русинка и ја сакам мојата земја, но имам многу пријатели во Украина и тоа ми го крши срцето. Сакам оваа војна да заврши и луѓето да живеат во мир“, напиша таа на социјалните мрежи. Но, таа додаде:

„Ова е слободен избор бидејќи принудувањето уметници или која било јавна личност да ги изразат своите политички мислења и да ја осудуваат својата татковина не е правилно. Како и многу мои колеги, јас не сум експерт за политика. Јас сум уметник и мојата цел е да ги обединам луѓето низ политичките поделби“.

СЛАВНАТА ДРУГАРКА НА ПУТИН му го сврти грбот: А, што е со „силната машка енергија“!?

 

Слични објави

(Фото) Деколтето во преден план: Данијела Димитровска „пука“ од сексапил во целосно бела комбинација

Еспресо

(Фото) Чантата на Јелена Томашевиќ вреди колку зимување на Копаоник: Сите зборуваат за ова модно парче

Еспресо

(Фото) Поранешниот сопруг на Драгана Мирковиќ ужива за сите пари: Чаша бело вино и нереална глетка на убава дестинација

Еспресо

По раскинувањето со Зоран Марјановиќ, Инди откри валкани детали за поранешниот: „Манипулатор кој ми го испра мозокот“

Еспресо

Оваа земја ќе биде засекогаш исфрлена од Евровизија? Има една причина

Еспресо

Разоткриен просекот на оценките на Јована Јеремиќ од факултет: Сакам да ги нервирам квазиинтелектуалците

Еспресо
Се вчитува....