09:14 - 12 ноември, 2026

(ФОТО) Мариупол денес сосема разурнат, а еве КАКОВ БЕШЕ УБАВ само пред нешто повеќе од 1 месец

Пристанишниот град во Југоисточна Украина стана непрепознатлив откако Русија ја нападна земјата. Но денес Мариупол е сосема разурнат, снимките кои се појавија на социјалните мрежи се навистина потресителни. 

Веројатно се прашувате како изгледаше некогаш? Не така одамна, пред нешто повеќе од еден месец…

Некои фотографии ни помагаат да разбереме каков беше градот пред да започне конфликтот и пред да бидат бомбардирани цели населби.

Ова е една од последните фотографии објавени на веб-страницата на општина Мариупол. Го прикажува плоштадот Театар – оној што беше бомбардиран – пред да започне војната. Како и многу други места во Европа и ширум светот, овде беше поставена новогодишна елка, а главните згради беа свечено осветлени. Имаше снежна покривка на земјата, а дури и покривите на некои згради беа бели.

фото фејсбук mariupolrada.gov.ua

Според извештаите на „Ил Соле 24 Оре“, градот имал 430.000 жители. Би-Би-Си јавува дека во моментов има 300.000 и нивните услови за живот се многу лоши: недостигаат основни потреби, нема вода ниту греење.

Оние кои не успеале да побегнат не можат да го направат тоа бидејќи Русија го условуваше отворањето на хуманитарен коридор со предавање.

Мариупол бил и многу важен центар, второ најголемо пристаниште по Одеса, стратешко за Русија.

Високиот претставник на ЕУ за надворешни работи Жозеп Борел рече дека градот е „целосно уништен“ и дека она што се случува таму е „огромно воено злосторство“. Украински извори јавуваат дека овде паѓаат бомби на секои десет минути и дека некои жители се насилно депортирани во Русија.

Незамислива ситуација, минатиот 24 август, денот кога датира оваа фотографија, се одбележа Денот на независноста.

ФОТО MARIUPOLRADA.GOV.UA

ТЕАТРИ, УМЕТНИЧКИ ЗНАМЕНИТОСТИ, ПАРКОВИ, УЛИЦИ КОИ РЕДОВНО СЕ ЧИСТАТ ОД СНЕГОТ, ЛИЗГАЛИШТА НА КОИ НАЈМНОГУ СЕ РАДУВААТ ДЕЦАТА, ТЕЗГИ НА КОИ СЕ ПРОДАВААТ ТРАДИЦИОНАЛНИ СПЕЦИЈАЛИТЕТИ, ЖИВОТ!

фото фејсбук mariupolrada.gov.ua
фото фејсбук mariupolrada.gov.ua
фото фејсбук mariupolrada.gov.ua
фото фејсбук mariupolrada.gov.ua
фото фејсбук mariupolrada.gov.ua
фото фејсбук mariupolrada.gov.ua
фото фејсбук mariupolrada.gov.ua
фото фејсбук mariupolrada.gov.ua
фото фејсбук mariupolrada.gov.ua
фото фејсбук mariupolrada.gov.ua
фото фејсбук mariupolrada.gov.ua
фото фејсбук mariupolrada.gov.ua

 

МАРИУПОЛ ВЕЌЕ ГО НЕМА, 80% ОД КУЌИТЕ И ЗГРАДИТЕ СЕ УНИШТЕНИ.

Слични објави

Пет состојки за брз појадок — рецепт за златни погачици од тава

К.С.

Дневен хороскоп за 12 ноември: Пред да прифатите нов договор, проверете дали условите се навистина онакви какви што очекувате

apostolova

Се разбудивте со главоболка? Еве што открива науката за причините и кога треба да побарате помош

К.С.

Ѓоле Ѓогани за почетоците со Слаѓа Делибашиќ: „Не ни помислив дека ќе ми биде сопруга, а од татко ѝ се препортував“

Е.А.

Слобода Миќаловиќ за тајната на 17-годишниот брак со Војин Ќетковиќ: „Луѓето денес го изгубија смислот за љубов, приматот го зедоа парите и социјалните мрежи“

Е.А.

Битка за вилата вредна 1,7 милиони евра – Николина Пишек мора да му исплати стотици илјади евра на свекорот Миша Гроф

Еспресо
Се вчитува....