15.8 C
Скопје
21:49 - 4 мај, 2024

Болеста не му е од „вчера“, ЕВЕ од кога боледува БРУС ВИЛИС, а на сцените тоа е замаскирано!

Брус Вилис со години се борел со когнитивни проблеми на снимањата на неговите филмови – па дури и му требале слушалки за да се сеќава на неговите реплики – долго пред неговото семејство во средата да објави дека на славниот актер му била дијагностицирана мозочна болест.

Во соопштението на социјалните мрежи, семејството на Вилис им кажа на своите фанови дека му била дијагностицирана афазија, мозочна состојба која влијае на неговата способност за говор и разбирање на јазикот, а тоа тој ќе го напушти актерството.

Но, неименуван извор изјави за Page Six дека неговата намалена когнитивна способност е јавна тајна во Холивуд бидејќи актерот постојано имал проблеми да глуми во неговите филмови.

„Сите знаеја, режисерите, актерската екипа“, рече анонимниот извор, додавајќи дека Вилис „користел слушалки, слушајќи ги репликите“ и „се потешко и потешко било да глуми“.

Тој рекол дека филмовите всушност требале да се снимаат во близина на местото каде Вилис живеел со неговото семејство – кое, според изворот, се грижело за 67-годишниот актер – за да ѝ се олесни на продукцијата.

Се почесто во филмовите на Вилис во последните години биле користени каскадери и двојници, а неговото време за глума било скратено на минимум, најчесто со снимања од само три дена.

Изворот понатаму вели: „Стануваше многу очигледно дека има проблеми… не може повеќе да ги изговара точно репликите“.

Во една сцена од неговиот нов филм „American Siege“, снимен во 2020 година, актерот е виден како носи слушалки. И од тогаш поминаа две години.

Друг инсајдер изјавил за списанието  „Ок!“ дека Вилис исто така бил виден како носи слушалки кога дебитирал на Бродвеј во 2015 година со „Misery“. Тој, исто така, наводно се мачел додека го снимал филмот Glass – хит филм од 2019 година.

„За време на снимањето на Glass, персоналот работеше околу него, затоа што се бореше да ги запамети и/или да ги изговори репликите“, изјавил изворот. „Во повеќето сцени во Glass тој носи качулка за да биде користен каскадер/двојник кој го заменувал. На сетот тој ниедна не се насмевна и секогаш беше придружуван од асистент кој го водеше додека одеше“.

Изворот, исто така, рекол дека Вилис го продал својот имот во Њујорк во тоа време за да поминува повеќе време со сопругата и децата во Лос Анџелес, и рече дека неговата сопруга, како и поранешната сопруга Деми Мур, соработувале во грижата за него.

Колегите во шок поради дијагнозата на Брус Вилис, меѓу првите поддршка му даде Силвестер Сталоне

 

Слични објави

(Фото) Бритни Спирс загрижува со однесувањето: По хаосот и расправијата си заминала боса

еспресо

(Фото) Во домот на Лепа Брена сѐ е подготвено за Велигден! Синот на пејачката се пофали со празничната атмосфера

Еспресо

(Видео) „Четири километри во кал…“: Никола Роквиќ пешачи 13 дена, се огласи колку пари собрал

Еспресо

Велика сабота: Што (не)треба да правите на овој ден

еспресо

„Фала Богу што сум жива“: Познатата фолкерка доживеа тешка сообраќајка, објавени сликите од автомобилот

Еспресо

„Немојте да раѓате деца и…“: Сопругата на Огњен Амиџиќ упати порака и покажа како изгледа

Еспресо
Се вчитува....