10.8 C
Скопје
16:59 - 30 март, 2026

Дикаприо откри што направила Кејт Винслет на снимањето на култната сцена во „Титаник“: Сакаше да го скрши мразот, па ми ги покажа градите

Култната сцена во филмот „Титаник“ во која Џек го црта голото тело на Роуз им е добро позната на сите, но многумина не знаат дека Кејт Винслет и Леонардо Дикаприо ја снимиле токму оваа сцена на првиот ден од снимањето, а Винслет се одлучила на необичен потег за да го опушти Дикаприо и да го подготви колегата за она што следело.

Иако врвно ги одглумија љубовните сцени, Кејт и Лео биле практично потполни странци на првиот ден од снимањето. Токму затоа актерката решила да го скрши мразот пред да ја сними непријатната сцена и му ги покажала градите на Дикаприо за глумецот да знае што го чека. Во книгата „Титаник зад сцената“ Винслет вели: „Бев гола пред Лео на првиот ден од снимањето“. Дикаприо додава: „Не се срамеше од тоа. Сакаше малку пред тоа да го скрши мразот, па ми ги покажа градите“.

Во книгата актерот откри како се чувствувал по потегот на Кејт: „Не бев подготвен за тоа, добро ме зезна. После тоа ми беше прилично удобно“.

Кејт и Лео сега се одлични пријатели и никогаш немале романтичен интерес еден за друг.

– Бевме како две глупави деца на сетот. Знаете, да се работи со Леонардо Дикаприо – тој е некако прекрасен и се загрижив. Но, штом се запознавме, тотално „кликнавме“ – откри актерката.

Дикаприо додаде: „Таа беше моја најдобра пријателка седум месеци. Си помагавме да се ослободиме од стресот од снимањето, си дававме одмор, се грижевме еден за друг. Кејт беше совршена личност за работа бидејќи беше дел од тимот и ќе беше многу потешко без неа. Бевме партнери“.

Слични објави

(Фото) Вака изгледа една од најубавите бугарски пејачки без шминка: Што се случува со носот на Преслава?

Е.А.

Ова е вонбрачниот син на Маринко Роквиќ кој живее далеку од Србија: Го откри вистинското лице вдовицата Славица

E.A.

(ВИДЕО) „Дали е дрогиран, целиот се искриви?“: Жељко Шашиќ направи хаос на аеродром па ги „нападна“ новинарите

E.A.

(Фото) Уна Чолиќ ужива на зимување со десет години постариот партнер

Еспресо

(Видео) Северина и Нина Бадриќ заедно ја испејаа најтажната песна на роденден

msp-admin

(Видео) Елена Велевска: Го спасив семејството од сиромаштија

msp-admin
Се вчитува....