16:07 - 13 ноември, 2026

Џон Ленон за првпат јавно ја кажа својата култна изрека за Исус и „Битлси“, почина легендарниот Влада Дивљан и уште неколку настани кои ја одбележаа музиката низ историјата…

Денешниот ден е доста значаен за музиката, а првиот деби албум на Френк Синатра, раѓањето на Крис Реа и смртта на Влада Дивљан, се само некои од настаните кои се случија токму на овој ден низ музичката историја. 

Во продолжение, прочитајте по што го паметиме 4 март кога е музиката во прашање:

1946 година – Френк Синатра го издаде првиот албум „The voice of Frank Sinatra“.

1951 година – Роден Крис Реа, британски пејач, блуз гитарист и автор.

1966 година – Новинарот Маурин Клив објави интервју со Џон Ленон во лондонскиот „Evening Standard“, каде славниот музичар за првпат ја кажа познатата изрека – „Ние сега сме попопуларни и од Исус“, мислејќи секако на легендарната група „The Beatles“.

1974 година – Шведската поп група „Abba“ го објави албумот „Waterloo“, на кој се наоѓа истоимената песна која еден месец подоцна ќе победи на Евровизија и со тоа ќе се отвори ново поглавје на светската музичка сцена.

1983 година – На Југословенскиот избор за песна на Евровизија во Нови Сад победи помалку познатиот пејач Даниел, со песната „Џули“, која стана мегахит и го лансираше младиот пејач во самиот врв на тогашната поп сцена.

2003 година – Објавен дебитантскиот албум на американската алтернативна метал група „Evanescence“ под назив „Fallen“. Албумот е продаден во 15 милиони примероци ширум светот, а на националната топ листа помина повеќе од 60 седмици, додека на „United world chart“ се задржа дури 82 недели.

2015 година – Почина Влада Дивљан (57), основач на групата „Идоли“ и еден од лидерите на новиот бран на музика на поранешните ју-простори. Владо Дивљан беше романтичар на урбаните генерации, како и еден од највлијателните музичари на Балканот, a важеше за „најголемиот џентлмен во рокенрол музиката“. 

По епизодата со „Идоли“, Дивљан продолжи со успешна соло кариера, која во голем дел ја сочинуваше музика за филм и театар. Во текот на деведесеттите години, Дивљан живееше и работеше во Австралија, каде студираше на отсек за звук на Филмска академија, а заедно со Кирил Џајковски ја формираа групата „Aparatchiks“ и снимија две цедиња, на кои се занимаваа со истражувања на модерниот звук.

Слични објави

Игор Којиќ ги објави првите фотографии од свадбата – нежно го гали трудничкиот стомак на 10 години помладата сопруга

Еспресо

Рада Манојловиќ инвестирала 55.000 евра во бизнис – еве колку пари ѝ носи секој месец

Еспресо

(Фото) Сите имаме мал црн фустан, но Нина Бадриќ покажа како да му дадеме сосема нов изглед

Т.Ц.

Сопругата на Саша Поповиќ останува сама во луксузната вила на Бежанијска коса, децата го напуштаат семејниот дом

Еспресо

(Фото+видео) Гламур во металик тоалета — Ана Ивановиќ ѝ врачи признание на Анџелик Кербер во Франкфурт

К.С.

Се израдував како мало дете: Денис Јанкуловски Космонаутко доживеа средба што ќе ја памети долго

Еспресо
Се вчитува....