7.8 C
Скопје
19:58 - 30 март, 2026

ЏЕНИФЕР ЛОРЕНС стана мајка: „Не сакам никој да се чувствува поканет во животот на моето дете“

Џенифер Лоренс и Кук Марони станаа родители, но раѓањето на детето се уште не е официјално објавено.

Холивудската убавица го роди првото дете. Среќната вест ја објави магазинот People, а актерката е снимена во количка во друштво на нејзиниот сопруг Кук Марони.

„Новопечените„ родители се уште не открија детали за детето, а не се познати и името и полот на бебето.

Во интервју за Vanity Fair кон крајот на минатата година, Лоренс рече дека ќе се обиде да го заштити детето од медиумите што е можно повеќе.

„Не сакам никој да се чувствува поканет во животот на моето дете“, рече таа тогаш.

Џенифер и Кук не ја криеја својата среќа што станаа родители, а папараците во последните месеци често ги ловеа во лежерните прошетки.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by olive_w123 (@olive_w123)

Двојката се венча во 2019 година на Род Ајленд, а меѓу гостите имаше многу познати имиња како пејачката Адел, Камерон Дијаз, Ема Стоун, Крис Џенер, Ејми Шумер и други, а сите детали беа скриени од јавноста.

Слични објави

Кемиш искрено за здравствената состојба на Зорица Брунцлик: Сè откри среде емисија, а потоа јавно ѝ испрати порака

Еспресо

Мина откри како го запознала Огњен Амиџиќ: „Дојдов за работа и се зезнав“

Еспресо

Месечен хороскоп за април и среќни датуми за секој хороскопски знак

Еспресо

Ралe ја одложи операцијата на срцето поради нов здравствен проблем: „Не сум добро“

Еспресо

(Фото) Вака изгледа една од најубавите бугарски пејачки без шминка: Што се случува со носот на Преслава?

Е.А.

Ова е вонбрачниот син на Маринко Роквиќ кој живее далеку од Србија: Го откри вистинското лице вдовицата Славица

E.A.
Се вчитува....