-4.2 C
Скопје
05:15 - 19 февруари, 2026

Џастин Тимберлејк проговори за траумите кои ги доживеа на почетокот од кариерата (ВИДЕО)

Еден од омилените пејачи низ целиот свет кој веќе со години не се симнува од листата на најпопуларни изведувачи, Џастин Тимберлејк (39), раскажа како во минатото не секогаш поминувал славно.

На некои од трауматичните искуства и денес се сеќава, а сподели и голема тајна со своите обожаватели после толку години. Се работи за периодот на почетокот од неговата кариера, кога доживеа голема непријатност.

Џастин раскажал како не многу долго откако ја започнал соло кариерата, кон него „летале“ шишиња со урина. Станува збор за неговиот настап на концертот со легендарните „Rolling Stones“ во Торонто 2003 година.

„Само се сеќавам дека му реков на бендот пред да излезам на сцената: Мислам дека ова нема да помине добро. Така и беше. Не беа секогаш добри моментите за мене“, истакнал во емисијата кај водителот Грејм Нортон.

Иако било очекувано дека ќе го прекине настапот, тоа не го направил, туку одлучил да остане на бината и да се соочи со шишињата урина. За време на првата песна играл, па шишињата го „утнале“, но додека седел покрај клавирот за време на втората песна, едно шише го погодило во главата.

View this post on Instagram

BELIEVE

A post shared by Justin Timberlake (@justintimberlake) on

„После тоа престанаа да ги фрлаат. Или снемаа нерви, бидејќи останав на бината или им снемало урина“, се пошегувал Тимберлејк, кој на почетокот на својата кариера беше фронтмен на еден од најпопуларните машки бендови N Sync.

Неговиот прв соло-албум е објавен во 2002 година и продаден ширум светот во повеќе од 7 милиони примероци.

Слични објави

(Фото) Ѓина Џиновиќ доби 1.000 црвени рози: Во свилена бањарка позираше покрај огромните букети

Еспресо

Принцот од Врање стана сензација во Азија: Кинезите воодушевени од Стефан Здравковиќ

Еспресо

Ленче и Горан Кукиќ имаат голема причина за славење и за частење

apostolova

„Би одел со Јелена кај Луна Ѓогани“ – Слоба Радановиќ изненади со признание за поранешната девојка

Е.А.

(Фото) Итно огласување на Андрија Милошевиќ: Актерот жртва на голема измама, ангажирал и адвокат

Еспресо

Каде е денес и со што се занимава Шваба од култниот филм „Рани“?

Е.А.
Се вчитува....