Пејачот Џастин Бибер во едно неодамнешно интервју зборуваше за својот љубовен живот.
Всушност, откри дека бил бесчувствителен спрема љубовта од детството, Селена Гомез, и дека на почетокот од врската со сегашната сопруга Хејли, тој се уште го носел товарот од претходната врска.
Во разговорот со Зејн Лоу за „Apple Music“, Џастин објасни што точно ѝ рекол на Хејли.
„Ѝ реков: Слушај, се уште сум многу повреден и се обидувам да се сфатам себеси, така што не сум спремен да се приврзам на тој начин. Не сакам да кажам едно, а да направам нешто спротивно од тоа, знам дека тоа го правав во минатото. Со неа бев потполно искрен и ѝ признав дека во тој момент не можам да ветам дека ќе сум верен“, рекол пејачот.
На прашањето зошто во тоа време бил повреден, Бибер одговори:
„Мислам дека бев повреден поради претходната врска. Тогаш се обидував да се сносам со тоа дека многу работи не ми беа простено“, заклучил тој.