9.8 C
Скопје
16:20 - 19 февруари, 2026

Детална метео анализа за февруари од Славчо Попоски: Ќе имаме ли снежна бајка?

Метеопрогнозерот Славчо Попоски дава детална анализа за времето за месец февруари.

Според Попоски, мсецот ќе биде просечно студен, што значи температурите ќе бидат во границата на нормалните за месец февруари.

Оваа метео анализа важи за целата територија на Македонија, вклучувајќи го и Скопскиот регион. 

– Барем според последните анализи со кој ние располагаме, вистинска снежна бајка нема да донесе и февруари месец, освен повремени и послаби снежни врнежи.

Ако вака останат работите вистинска снежна бајка нема да видиме во градовите и во новиот зимски месец (февруари), вели Попоски и напоменува:

– Со оглед на тоа дека се работи за долгорочно анализирање на времето, промени во анализата сигурно дека ќе има, но кавки промени ни следуваат останува да видиме понатаму.

Сепак и покрај овие анализи, се надеваме дека конечно феруари месец конечно ќе го покаже своето вистинско лице кога зимата е во прашање, и ќе донесе многу снег во градовите и вистинска снежна бајка.

Инаку денес и повторно од четврток локално ќе има послаби врнежи претежно од снег, а ќе дува и засилен, повремено СИЛЕН ветер од северен правец (над 60 км/час). Наутро температурите насекаде ќе бидат под нулата и понекаде истите се очекува да се спуштат близу -10 степени, додека максималните дневни ќе се искачуваат во интервалот од 1 до 8 степени, а во југоисточните предели температурата се очекува да се искачи до околу 11 степени, заклучува Попоски.

За повеќе метео информации следете го Фејсбук профилот на Славчо Попоски – ТУКА. 

Слични објави

(Фото) Боса и со гол стомак: Катарина Живковиќ ужива во зајдисонцето среде пустина

Еспресо

Годишнина од смртта на Ѓорѓе Балашевиќ – Сопругата Оливера: „Засекогаш остави прозор преку кој комуницираме“

Еспресо

Цеца отворено за ромските веселби и бакшишот: „Би навредила некого ако одбијам!“

Еспресо

(Фото) Синчето на Едина Муса и Мачка наполни 1 година: Цела соба со играчки и балони, а и нов велосипед за малиот славеник!

Еспресо

Синот на Снежана Ѓуришиќ претепан поради долг од 500 евра: Откриени детали за четиричасовното малтретирање

Еспресо

„Простете ми за моето грдо минато“: Аца Лукас проговори за дуетите со Цеца и направените грешки

Еспресо
Се вчитува....