-3.2 C
Скопје
01:54 - 29 декември, 2024

Дел од необјавено интервју со Шабан Шаулиќ: Многу брзо ми помина животот, тој „горе“ одлучува колку и кога! (ФОТО)

На денешен ден пред една година на 17 февруари во 2019 година, тажна и помалку неверојатна вест го потресе регионот.

Кралот на народната музика Шабан Шаулиќ настрада во сообраќајна несреќа во Германија, а тагата за еден од најдобрите вокали за народна музика и човек кој една се раѓа, остана засекогаш.

Пред концертот во белградска „Арена“ во октомври 2018 година новинари од српскиот портал Телеграф се дружеа со него во Крченда, омиленото негово место во близина на Белград, каде што тој имаше своја викендица покрај езеро и ловеше риба.

Фото: Инстаграм

Го прашале Шабан дали постои нешто што не го остварил за сите тие години успешна кариера, а тој им одговорил:

– Лично сметам дека нема нешто што не сум постигнал во животот. Ми се чини дека се е како што треба. Ниту еднаш се немам пожалено ниту на кариерата, ниту пак што ми се случувало во животот. За тоа и нема за што да жалам, сè тоа некако течеше по свој пат. Што да посакам повеќе… Нормални деца, паметни, интелигентни, добри, чесни… Имам три внуци и две внуки и поради тоа мислам дека сум остварен човек. Не жалам за ништо, ниту пак би менувал нешто во животот – изјавил тој.

Како би го опишале животот на Шабан Шаулиќ?

– Ете, со еден збор, човек со обврски. Цел живот.. Од пат на пат, микрофон, разни сали, арени, ресторани, кафеани, разни дружби… Тоа некако поминуваше, но морам да кажам дека сето тоа некако брзо ми помина. Ми се чини дека вчера ја снимив првата плоча, а сега поминале толку многу години, па дури славам и некој јубилеј во „Арена“…

– Просто не можам да верувам дека сè така брзо помина, иако бев многу млад кога почнав (17 години, но сè помина брзо. Скоро неверојатно. Како вчера се да беше. Се некако одеше многу брзо, веројатно ме носеше кариерата и концертите, дружењата, патувањата… Нема да кажам дека се жалам, но жал ми е што некако брзо оди, само поради тоа – искрено зборуваше Шабан во интервјуто.

Уште колку години ви требаат?

– Не знам, тоа тој „горе“ одлучува колку и кога – се насмеал Шабан.

Шабан Шаулиќ загина неколку месеци по тоа интервју, односно на 17 февруари, 2019 година на 68 години. Позади себе ја остави сопругата Гоца и три деца: ќерката Санела, Илда и синот Михајло.

Слични објави

Дечкото на Нина Ѓогани излезе од затвор: Таа страсно го бакнува, а тој го крие идентитетот!

Еспресо

Дали знаете кому му е посветена песната на Здравко Чолиќ „Една зима со Кристина“?

Еспресо

(Фото) Џина Џиновиќ ја крена маицата, а одоздола…Ќерката на Харис и Мелина се пофали со своето совршено тело

apostolova

(Фото) Милош Биковиќ ужива покрај синот Василије, покажа колку пораснал наследникот

Еспресо

(Фото) Вељко објави фотографија со Богдана, нејзината чанта го украде вниманието: Облечена во чист луксуз

Еспресо

Хороскоп за 28 декември: Вагите ќе добијат пари, Стрелците ќе имаат итен проблем да решат, а вие?

Еспресо
Се вчитува....